Скопје
Продолжена акцијата за бесплатно приклучување кон топлинската мрежа
За да излезе во пресрет на големиот број барања на заинтересирани граѓани, компанијата „Снабдување со топлина Балкан Енерџи“, го продолжи рокот за пријавување за бесплатно приклучување на системот за топлинска енергија, којшто со новата одлука ќе трае до 30-ти септември.
За првите 15 дена од почетокот на акцијата, поднесени се вкупно 471 барања за повторно приклучување во системот за топлинска енергија. Дополнително, во изминатиот период голем број заинтересирани граѓани се обратија во наплатните пунктови на БЕГ за да ги добијат неопходните информации за начинот како можат да ја искористат оваа поволност, а регистирани се и над 600 јавувања во Центарот за грижа на потрошувачи на телефонскиот број 02/3076-200. Акцијата се одвива по принципот „прв пријавен, прв услужен“ и се однесува само на објектите кои имаат техничка можност да бидат приклучени во системот за толинска енергија во Скопје. Според последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, цената на топлинската енергија за домаќинствата се намали за 10,93%, на што претходеше и одлуката на компанијата за продолжено греење во вечерниот период за најмалку еден час, што се дополнителни придобивки за потрошувачите. Освен домаќинствата, акцијата за бесплатно приклучување во системот за греење до 30-ти септември важи и за правните лица, кои исто така добија значително намалување на цената на парното греење./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје
В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло
Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор – црвено светло. На подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 526 прекршоци, од кои 84 се сторени од возачи кои управувале возило со странски регистарски таблички, извести МВР.
За управување на возило со брзина поголема од дозволената регистрирани се 504 прекршоци и 22 за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола. Исто така, изречени се вкупно 17 мерки „забрана за управување со возило“ – сите за управување возило со поголема брзина од дозволената, од кои 13 за брзина поголема од 80 км на час во населено место и четири мерки за брзина поголема од 10 км на час сопствено ограничување на возило.
Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење толерирани се 3.336 возачи, соопшти МВР.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.

