Скопје
Продолжување на постојната водоводна мрежа на улица “Саса 30”
Градежните активности кои се дел од проектот на општина Кисела Вода за продолжување на постојната водоводна мрежа на улица “Саса 30”, пуштена во употреба пред три години, се во тек. Екипите интензивно работат на поставување на цевки од дуктулно железо со различен дијаметар, во должина од околу 740 метри.
На оваа мрежа ќе се приклучат околу 30 до 40 домаќинства кои живеат во непосредна близина, а можност за приклучок, во иднина ќе имаат и новоизградените објетки во тој дел од населбата Пинтија. Општина Кисела Вода за изградбата на новата водоводна мрежа одвои вкупно 5.893.214 денари. Според договорот градежните активности треба да завршат за 90 дена од почетокот на изведбата на проектот.Општина Кисела Вода апелира до сите граѓани кои живеат на оваа улица или во близина, за нивно трпение и разбирање додека траат градежните зафати, бидејќи бенефитот најмногу ќе го почувствуваат токму жителите на овој дел од градот. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

