Скопје
Проект на општина Аеродром-„Превенција од имотни деликти“
Проектот „Превенција од имотни деликти, кој е организиран од страна на општина Аеродром во соработка со полициската станица „Аеродром“, промовиран е во средата во ТЦ „Капитол Мол“.
Основна цел на проектот е да се зголеми информираноста на граѓаните како да се заштитат од кражби во летниот период, подобрување на безбедносната состојба на територијата на Град Скопје, со што ќе се придонесе за зголемено чувство на сигурност на граѓаните, соработка и зголемена доверба во полицијата.
На влезот во ТЦ „Капитол Мол“ ќе биде поставен информативен пункт на кој полициски службеници ќе остваруваат контакт со граѓаните, ќе се дели пропаганден материјал и ќе се делат совети за спречување кражби во станови, куќи и возила, а со цел подигнување на свеста на граѓаните и преземање соодветни мерки за самозаштита од провални кражби.
Преку едукацијата на граѓаните се очекува да се зголемат безбедносните мерки и безбедносната култура. На овој начин би се подобрила и соработката на граѓаните со полицијата, така што би се стеснил просторот и би се отежнале условите за вршење на кривичните дела, се вели во соопштението на општина Аеродром. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Герасимовски: Отстранета доградената дивоградба на ресторанот „Мечка“
Во рамките на акцијата за отстранување дивоградби, Општина Центар ја урна нелегалната доградба на ресторанот „Мечка“ во Дебар Маало.
Доградбата го блокираше тротоарот, дел од коловозот и пешачкиот простор, велат од Општината.

„Нема да дозволиме узурпирање на јавен простор поради приватни интереси. За секој објект каде што ќе утврдиме нерегуларности ќе издадеме решение за негово отстранување“, изјави градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски.

По неколку опомени и непостапување по издадените забелешки, механизацијата излезе на терен, во координација со инспекциските служби, и ја отстрани незаконски поставената конструкција, која го попречуваше нормалното движење на пешаците и функционирањето на сообраќајот, велат од Општината.

„Жителите на Дебар Маало ја поздравија акцијата и ослободувањето на просторот што подолго време беше бесправно узурпиран.
Во тек е обемна и континуирана акција за воспоставување ред на јавните површини, со засилени инспекциски контроли и активности за расчистување на нелегално поставени објекти.

Целта е да се заштити јавниот интерес, како дел од пошироката стратегија за воспоставување ред во општината“, се додава во соопштението.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе се чисти секојдневно, скопјани заслужуваат убава, уредена и чиста метропола
Во рамки на тековните активности за уредување на јавните површини и подобрување на хигиената во градот, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја информира јавноста за интензивното чистење и одржување на кејот на реката Вардар.
„Континуирано се врши темелно чистење на кејот на реката Вардар, заедно со нејзиното корито. Екипите на јавните претпријатија во координирана и организирана акција, ги расчистуваат пешачките и велосипедските патеки – сè она што со години беше занемарено и што создаваше слика недолична за нашиот град, конечно станува дел од минатото.

Ова одржување ќе биде трајна практика. Кејот ќе се чисти секојдневно, бидејќи скопјани и сите гости на нашиот град заслужуваат убава, уредена и чиста метропола. Вардар, скопскиот бисер, повторно ќе го носи својот сјај, онаков каков што му доликува“, напиша Ѓорѓиевски.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од булеварот Партизански Одреди бр. 95, општина Карпош.

