Скопје
Проектот Улични музичари од 1 мај до 30 октомври во центарот на Скопје
Проектот Улични музичари и артисти ќе се одржи по шести пат, во периодот од 1 мај до 30 октомври 2016, на централнoто градско подрачје, односно на плоштадите Мајка Тереза, Плоштад ВМРО, Плоштад Македонија, Плоштад Филип 2 и Градски трговски центар.
Во него ќе учествуваат уличните музичари и артисти кои се пријавија на јавниот повик, а во него ќе се вклучат и националните установи на Р.Македонија, културните институции на Град Скопје, Музичката академија, како и средните и основните училишта од Скопје. Програмата е наменета за граѓаните, туристите, во претстојниот пролетно и летен период. „Во рамките на проектот ќе се одржат 140 настани, истите во соработка со музички групи од сите генерации и различни контексти, кои изведуваат жанровски и стилски разновидна музика, од хип хоп, дџ сесии на електронска амбиентална музика до современа алтернативна, поп и рок музика“, рече во вторник на прес конференција Вера Бошковска, директор на ЈУ „Конгресен центар Александар Македонски“.Детската програма ќе се изведува како утринска сесија, додека во попладневните и во вечерни часови со соодветна часовна координација, во програмата влегуваат разни театарски и музички перформанси, изведувачи на класична музика, како и вечерни видео и филмски проекции. /крај/со/ст
Извор: Град Скопје
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Бутел утре без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина:
· од 06:00 – 10:00 часот, корисниците од ул. Пајак и ул. Наум Наумовски Борче. (Општина Центар)
· од 08:00 – 12:00 часот, дел од корисниците од ул.Пејо Јаворов (општина Кисела Вода)
· од 09:00-11:00 часот корисниците од улиците со бр. 406 и бр, 408 во с. Марино. (Општина Илинден)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улица со бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улиците Индира Ганди, Брсјачка Буна, Овчеполска, Пелагонија, Демирхисарска, Сландол, Хаџи Јован Шишков,Злетовска, Тиквешка и ул.Нов Живот. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање, порача Герасимовски
Комуналните инспектори и редари на општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени површини.
На секое неправилно паркирано возило ќе биде оставено известување за сторен прекршок, со предвидена казна од 50 евра во денарска противвредност, согласно Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на општина Центар.
Сторителот на прекршокот е должен веднаш да го подигне прекршочниот платен налог во Општина Центар, Сектор за инспекциски работи, барака 6А. Доколку казната се плати во рок од осум дена, сторителот плаќа половина од износот.
По истекот на рокот следува целосна наплата, односно се поведува прекршочна постапка пред надлежен суд, извести Општината.

„Редот се спроведува доследно и без исклучоци. Жителите на Центар го бараат тоа од нас. Безбедноста на пешаците и заштитата на јавните и зелените површини ни се приоритет“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.
Општина Центар ги повикува граѓаните да ги почитуваат правилата и да придонесат за подобра урбана и животна средина.

