Скопје
Прогласени најдобрите трговски објекти за 2014 година
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, во четврток им додели признание во форма на плакета на најдобрите трговски објекти во седум категории, избрани на манифестација „Месец на трговијата“, проект што Градот во соработка со Агенцијата SWAT Research го реализира во ноември 2014 година.
Истражувањето се спроведува по пат на т.н. mystery shopping, а тајните купувачи по направената евалуација изготвија извештаи кои се изработени по одредените критериуми, како што се: изгледот и пристапот до објектот, снабденост со стока, аранжирање на просторот, услуга на персоналот, помош при изборот на производот, хигиена пред и во објектот, начинот на плаќање, начинот на истакнување на цените на производите, состојба на опремата и на униформите.
Во рамки на проектот се спроведуваат вкупно 1.000 посети на тајните купувачи и тоа по три посети на еден објект, во сите седум категории трговски објекти, а годинешни добитници по категории се:
СУПЕРМАРКЕТИ
САЛОНИ ЗА МЕБЕЛ И КАНЦЕЛАРИСКА ОПРЕМА
ПАРФИМЕРИИ И КОЗМЕТИКА
БУТИЦИ
АПАРАТИ ЗА ДОМАЌИНСТВО, БЕЛА ТЕХНИКА И СЕ ЗА ДОМА
КОМПЈУТЕРСКА, АУДИО-ВИДЕО И ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКА ОПРЕМА
МОДНИ ДОДАТОЦИ И НАКИТ
Резултатите од истражувањето секоја година јавно се презентираат пред добитниците и трговците во форма на заклучоци, но и како препораки за во иднина, а врз основа на добиените резултатите од истражувањето, се избераат три најдобри трговски објекти од секоја категорија. Годинава најдобри резултати постигнале парфимериите и продавниците за козметички производи, па веднаш по нив објектите за продажба на мебел, а на последно место според сумирањето на резултатите се наоѓаат супермаркетите. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 04:00 до 08:00 часот, корисниците од населбите: Бутел и Север, општина Бутел, Топанско Поле и дел од Чаир, општина Чаир и Шуто Оризари и Визбегово, општина Шуто Оризари;
· од 07:30 до 15:30 часот, корисниците на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, броеви од 49 до 53, како и објектите во околината на Поликлиника – Идадија, општина Центар;
· од 08:00 до 16:00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов, подулици бр. 10, 15 и 18, општина Аеродром;
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од улицата Финска, општина Гази Баба;
· од 11:00 до 14:00 часот, корисниците од улицата Крагујевачка бр. 9, општина Карпош;
Македонија
Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје
В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло
Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор – црвено светло. На подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 526 прекршоци, од кои 84 се сторени од возачи кои управувале возило со странски регистарски таблички, извести МВР.
За управување на возило со брзина поголема од дозволената регистрирани се 504 прекршоци и 22 за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола. Исто така, изречени се вкупно 17 мерки „забрана за управување со возило“ – сите за управување возило со поголема брзина од дозволената, од кои 13 за брзина поголема од 80 км на час во населено место и четири мерки за брзина поголема од 10 км на час сопствено ограничување на возило.
Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење толерирани се 3.336 возачи, соопшти МВР.

