Скопје
Пролетен базар на домашни ракотворби 2016
Пролетниот базар на домашни ракотворби 2016, ќе се одржи во четврток и петок на Плоштадот Филип Втори, со почеток во 11 часот.
На пролетниот базар ќе бидат изложени домашни ракотворби и практично претставени голем број занаети, како и нивното значење и влијание врз квалитетот на живеењето на граѓаните. Во рамки на оваа традиционална манифестација годинава ќе се промовираат изработките на накит од филигран и монистра, украси, рачни ракотворби, плетиво, изработки од камен и цртање на украси на камења, изработки на производи од филц и декоративни украси и облека од филц, цртање на чаши со македонски мотиви, уникатни изработки на цветни аранжмани од бонбони. Целта на овој настан е да се истакне значењето на овие кадри за занаетчиството и стопанството, средното стручно образование, практичната обука и стекнувањето вештини и компетенции, а се со цел поттикнување на младите да се запишуваат во средните стручни училишта. Исто така, да се промовираат занаетчиските занимања кои нудат перспектива и можност за вработување, како и да се промовира и одржи традиционалното занаетчиско производството и поттикне размената на искуства и знаење на занаетчиите, зголемување на продажбата на занаетчиските производи и услуги и зголемување на туристичката понуда преку претставување на занаетчиството како бренд и симбол на препознатливост на Град Скопје. Организатор на пролетниот базар е Занаетчиска Комора Скопје, а покровител на манифестацијатa е Град Скопје. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




