Скопје
Пролетен базар на Плоштадот Филип Втори
Пролетен базар 2015, ќе се одржи во четврток и петок на Плоштадот Филип Втори.
На базарот ќе бидат изложени домашни ракотворби и ќе бидат практично претставени голем број занаети, како и нивното значење и влијание врз квалитетот на живеењето на граѓаните.
Пролетниот базар свечено ќе го отвори Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Герасимовски: Проверени 30 градилишта во Центар, изречени 24 казни од 1.300 до 1.800 евра
Општина Центар спроведува интензивни инспекциски контроли на градилиштата низ целата локална самоуправа.
Во изминатиот период извршени се надзори на 30 градилишта, при што се изречени 24 казни за различни прекршувања, меѓу кои незаконско зафаќање јавни површини со градежен материјал и валкани гуми. Санкциите се движат од 1.300 до 1.800 евра, известуваат од Општината.

Градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски порача дека локалната самоуправа ќе реагира на секое нарушување на јавниот простор и безбедноста на граѓаните.

„Континуирано спроведуваме надзор на активните градилишта во општината. Сите што ги прекршуваат прописите и го узурпираат јавниот простор ќе се соочат со соодветни мерки. Наша цел е да обезбедиме уредена средина за граѓани“, рече Герасимовски.

Од Општина Центар додаваат дека редовните контроли се дел од пошироката заложба за спречување бесправна градба и заштита на заедничкиот простор.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 11:00 до 15:00 часот, корисниците на ул. Хелсинки од бр. 22 до бр. 36, општина Карпош.
Македонија
Општина Чаир: Утре ќе се одржи комеморативната седница посветена на пејачот Шпат Касапи
Комеморативната седница посветена на пејачот Шпат Касапи ќе се одржи во вторник, 2 Декември 2025 година, во 13:00 часот, во општина Чаир.
„Овој момент на сеќавање има за цел да го пренесе поширокото културно и институционално признание за неговото дело и за влијанието што го остави во албанската музичка уметност.
Паралелно, книгата за сочувство ќе биде поставена во просториите на Општината и ќе биде отворена од вторник до петок, за сите граѓани и претставници на уметничката заедница кои сакаат да го изразат своето сочувство“, велат од општина Чаир.

