Скопје
Пролетниот Моден викенд Скопје со поддршка против насилството врз жените
Инспирирани од кампањата „Да ставиме крај на насилството врз жените и девојчињата – сега ! “, младите дизајнери Алмир Мили и Ивана Цветковска креираа маички кои ќе бидат презентирани во рамките на Моден викенд Скопје кој ќе се одржи од 1-ви до 5-ти април.
Инспирирани од кампањата „Да ставиме крај на насилството врз жените и девојчињата – сега ! “, младите дизајнери Алмир Мили и Ивана Цветковска креираа маички кои ќе бидат презентирани во рамките на Моден викенд Скопје кој ќе се одржи од 1-ви до 5-ти април.
Покрај Моден викенд, кој се приклучи кон кампањата на Канцеларијата на УНДП во Скопје, својата поддршка ја дадоа и Индира Кастратовиќ, Наташа Петровиќ, Милена Антовска, Лабина Митевска, Ана Јовковска и Вера Милошевска кои ќе се појават во ексклузивен едиторијал на 8-ми април во списанието Теа Модерна, медиумски покровител на проектот. Фотографиите од фотосесијата ги направи Марко Марковски.
Пролетното издание на Моден викенд Скопје почнува со моден маскенбал на 1-ви април во клубот „Станица 26“. На 3-ти април, во петок, почнува ревијалниот дел кој ќе се одвива три дена во катната гаража „Солунски когрес“ и ќе го отвори ревијата на Росица Мршиќ , додека за време на викендот ќе бидат презентирани ревиите на студентите од Факултетот за Арт и дизајн при ЕУРМ, Evee by Ivana Cvetkovska, Алмир Мили, Флутура Дедиња, Ирина Тошева поддржана од My:time, Венера Мустафа, Јована Марковиќ, ФА-БУ, модната куќа Менакон (со модели достапни во Adora For You во Тетово), Linea collection, Дејан Тодоровиќ и модната куќа Hera Couture.
Единаесеттото издание на оваа модна манифестација ќе го затвори модниот перформанс на Олгица Ѓеоргиева во соработка со Prima Danza. Посетителите ќе ги видат и изложбата на професорите од ЕУРМ наречена „Артерија-Антерија“, модната инсталација на Fashion Group Македонија во соработка со блогерката Јована Зука и меѓународната фото-изложба „Модата и културното наследство“организирана од Британски совет во Македонија и Британскиот моден совет. И овојпат по ревиите ќе се одржуваат Red bull- забави во кафулето Concept 37.
Во продолжение, на 17-ти април во скопската винарија „ Камник“ ќе биде прикажана најновата колекција на MCouture by Mila Kadriu.
Официјален партнер за фризура на единаесеттиот Моден викенд Скопје е „Lakme“ во соработка со „Бубе Студио Ин“, официјален партнер за шминка – Manhattan, официјален партнер за убавина е „Cosmo“ во соработка со „Clarins“ и „Shiseido“, додека официјален парфем на пролетното издание е Ortensia – од природата за жената со стил, на италијанскиот бренд L’Erbolario. Официјално кафе на настанот е Attibassi за кое преку специјален проект модната дизајнерка Искра Џокиќ и графичката дизајнерка Анита Гај осмислија нов изглед за дизајн на шолја којашто ќе биде limited edition и ќе се приклучи на веќе постоечките колекции./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Казни за четири градилишта во Центар, нулта толеранција за прекршување на прописите, порача Герасимовски
Четири градилишта во општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, извести Општината.
Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“, информираат од општина Центар.

Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.
Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека надзорите продолжуваат со несмален интензитет.
„Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор“, рече Герасимовски.

Инспекциските контроли на градилиштата продолжуваат како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор, додаваат од општина Центар.
Македонија
Ѓорѓиевски: Работевме посветено, секој ден, секоја ноќ, она што го постигнавме е само почеток
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска ќе го презентира отчетот за сработеното во првите 100 дена од преземањето на функцијата.
„Отчетноста и транспарентноста се должност кон граѓаните. Токму затоа, по првите 100 дена од мандатот, излегуваме пред вас со јасен и отворен приказ на сработеното. Во изминатиот период работевме многу. Работевме посветено. Секој ден. Секоја ноќ. Она што го постигнавме е само почеток“, напиша градоначалникот на социјалните мрежи.
„Го поставивме темелот врз кој ќе ја градиме иднината на Скопје како модерен, просперитетен и достоинствен град, по мерка на граѓаните. Ова не е само мој успех.
Ова е успех на сите скопјани кои веруваа дека Скопје мора и може поинаку. Ова е доказ дека кога се работи со срце, со визија а не од личен интерес, резултатите не изостануваат. И да, пред нас има уште многу работа. Ќе има и предизвици. Но ние не се откажуваме! Ќе продолжиме да работиме уште посилно, уште поодлучно“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.

