Скопје
Пролеттно разубавување и раззеленување на Oпштина Илинден
Во Општина Илинден во тек е редовното пролетно уредување на јавните површини, информираат од локалната самоуправа.
Во рамките на акцијата е опфатено зазеленување на Општината, косење на тревата, садење цвеќиња, уредување на дрворедите со нивно поткастрување, како и чистење на јавните површини на повеќе локации.
Како дел од оваа континуирана еколошка акција која што има за цел зачувување на животната средина, се работеше и на партерното уредување пред Домот на култура „Илинден“, каде што цветниот аранжман беше збогатен со засадување на повеќе разнобојни пролетни цвеќиња.
Акцијата за раззеленување и разубавување на Општината продолжува и во наредниот период. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

