Скопје
Промовиран Системот за автоматска локација на возила од јавниот градски превоз
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорот на Јавното сообраќајно претпријатие -Скопје, Игор Јанушев, во четврток го промовираа функционирањето на Систем за автоматска локација на возила од јавниот градски превоз.
„Со воведувањето на овој модерен Системот за автоматска локација на возилата и електронска наплата Градот Скопје и неговите граѓани ќе добијат побрз и поквалитетен градски превоз“, рече градоначалникот Коце Трајановски. За реализација на овој проект Градот Скопје и Јавното сообраќајно претпријатие -Скопје издвоија околу три милиони евра.„Очекуваме со него да се намали потрошувачката на гориво и да се зголеми квалитетот на превозот што ќе придонесе и за зголемување на бројот на патници во автобусите. Како што веќе најавивме со воведувањето на електронската картичка во автобусите на ЈСП ќе имаме и точна информација за бројот на патници на одредени линии и до колку има потреба ќе интервенираме за да им овозможиме на граѓани побрз и поквалитетен градски превоз, односно редовен, сигурен и точен превоз, а од месец мај очекуваме во овој систем да се вклучат и приватните превозници“, истакна градоначалникот Трајановски.Директорот на Јавното сообраќајно претпријатие -Скопје, Игор Јанушев, потенцираше дека овој најмодерен систем ќе им овозможи точна информација на граѓаните и ќе ја оптимизира работата на ЈСП, односно ќе придонесе за сè подобар превоз на граѓаните.Системот за автоматска локација и електронска наплата треба да биде инсталиран во 500 автобуси од јавниот градски превоз, во 385 на ЈСП и во 115 автобуси на приватни превозници. Овој систем претставува моќна алатка за следење на автобусите во реално време, запазување на пропишаните возни редови, како и овозможување на благовремени корекции и намалување на времето на чекање согласно со моменталните случувања во сообраќајот на градските улици, како и добивање реална слика за бројот на превезените патници по категории.ЈСП СКОПЈЕ системот ќе може да го користи за димензионирање на превозните капацитети по линија, како и за автоматско генерирање на возните редови, а сево ова во голема мера ќе придонесе за подигање на квалитетот на превозните услуги, зголемување на бројот на патници, како и зголемена наплата.Со воведувањето на овој систем патниците ќе имаат големи придобивки поради навремено добивање информации поврзани со патувањето, односно на автобуските стојалишта ќе има 50 троредни информациони дисплеи за пристигнување на автобусите, испраќање SMS порака преку која патникот ќе добива информација за неколку следни пристигнувања на автобус на бараната линија, преку веб апликација на која покрај времето на пристигнување на одреден автобус на одредена постојка, ќе биде на располагање и т.н. планер на патување со користење исклучиво на јавниот превоз, како и бесплатна телефонска линија 0 800 115 за сите информации поврзани со јавниот превоз.Преку системот ќе се врши управување на возилата во мрежата на линии, контрола на работата на возачите и спроведувањето на планираниот возен ред, можност за навремено и ефективно реагирање од организаторот на превозот во непредвидени ситуации во сообраќајот и подигнување на нивото на безбедност на возачите и патниците. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Комунална хигиена-Скопје: Најголемо количество непрописно одложен отпад во февруари, 600 кубни метри, е подигнато во општината Центар
Во текот на месецот февруари 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 11 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, извести ЈП Комунална хигиена-Скопје.
„Отстранети се и 2505 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 600 кубни метри – е подигнато во општината Центар.

Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец февруари изготви вкупно 100 записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Записниците за прекршителите на Законот за јавна чистота беа врачени во следните општини:
1. Општина Чаир – 54 записници
2. Општина Карпош – 18 записници
3. Општина Аеродром – 11 записници
4. Општина Центар – 9 записници
4. Општина Ѓорче Петров – 6 записници
5. Општина Гази Баба – 2 записника
ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со реализација на еко-предавања и работилници во скопските основни училишта и предучилишни установи. Преку еко-едукацијата најмладите жители на нашиот град се запознаваат со активностите на Претпријатието, се едуцираат како правилно и совесно да постапуваат со својот комунален отпад, на кој начин се врши примарната селекција на отпадот и како се одвива процесот на рециклирање.

Во текот на минатиот месец, 253 ученици и 64 дечиња од основните училишта и градинките во општините Аеродром, Центар и Чаир имаа можност да ги проследат едукативните предавања за правилно постапување со отпадот и заштита на животната средина. Предавањата се одвиваа на македонски, албански и турски јазик“, соопшти ЈП Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.

