Скопје
Промовирана монографијата 70 години градска библиотека „Браќа Миладиновци“
Во рамки на активностите за одбележување на 70 годишнината од постоењето на библиотеката „Браќа Миладиновци“, во четврток беше промовирана монографијата „70 години Градска библиотека Браќа Миладиновци- Скопје”.
Во рамки на активностите за одбележување на 70 годишнината од постоењето на библиотеката „Браќа Миладиновци“, во четврток беше промовирана монографијата „70 години Градска библиотека Браќа Миладиновци- Скопје”.
На промоцијата на монографијата присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорката на Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Гордана Петревска, додека монографијата ја презентираше проф. д-р Виолета Мартиновска.„Долгата историја на библиотеката со многу емоции е пренесена во монографијата. Авторите прават обид да ги претстават состојбите и активностите во библиотеката во изминатите 70 години, со изразит акцент на првата половина од историскиот развој, претставувајќи детали кои немале можност да ги запознаат посетителите. Во тој контекст оваа монографија претставува еден печат во времето и просторот, значаен едукативен материјал за сите генерации, читатели и сведок за активното учество при преведувачката и издавачката дејност и сведок за големиот библиотечен фонд и архива која ја има оваа институција“, рече градоначалникот Трајановски.Директорката Петревска направи ретроспектива на создавањето, развојот и работата на Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ изминативе 70 години.„Во 1950 година Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ имала 9. 520 книги на располагање, додека денес бројката е над 1.200.000 книги и публикации. Денес, Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ е современа библиотека и едукативен центар која извршува дејности од јавен интерес и наша цел е да продолжиме да работиме во насока на задоволување на потребите на нашите чататели“, рече Петревска.Беа доделени пофалници на истакнати работници за особен придонес во работата и развој на Библиотеката и плакети на Град Скопје и Министерството за култура. Посебна плакета за особен придонес во развојот и унапредувањето на Библиотеката беше доделена и на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




