Скопје
Првиот волшебен парк во Скопје ќе биде отворен на 25ти декември
Првиот волшебен новогодишен парк, исполнет со разни содржини, ќе биде отворен од 25ти до 30ти декември во паркот „Жена борец“, спроти Собранието.
Волшебниот парк ќе го го сочинуваат Новогодишен маркет, Детска волшебна шума, Распеана елка, а ќе се одржи и Дедомразовска трка.
Активностите во Волшебниот парк ќе почнат на 25ти декември, четврток, во 12 часот со креативна работилница- цртање лампиони.
Програмскиот дел е од 25ти до 30ти декември со почеток од 16:30 до 19:30 часот, а во културно-забавната програма ќе учествуваат: Театарот за деца и младинци, Лабаво- Лабаво, ди-џеј Снежана, ди-џеј Никс, Марлон Брандо, The Sound Messengers, ди-џеј Брут, Чил Плеј, Лаура Крлиу, ди-џеј Аријан.
Распеаната елка е специјално конструирана и украсена за настап на: Хорот на Злата Мегленска, Хорот на Златно Славејче, хорот Поточиња, хорот Про Арт, хорот при МКЦ и хорот Серенада.
Во сабота на 27ми декември за најмалите ќе се одржи и дневна детска програма со почеток од 12 часот.
Новогодишниот маркет ќе биде отворен од 25ти до 30ти декември со работно време од 11 до 22 часот. Како дел од него се поставени 11 дрвени куќички наменети за промоција и продажба на разни производи, храна и пијалоци.
Годинава првпат се организира и Дедомразовската трка, којашто ќе се одржи во недела, 28 декември, со почеток од 12 часот и со нејзиното организирање Скопје ќе се вброи во светските метрополи што организираат Дедомразовски трки. Стартот на трката ќе биде на плоштадот „Филип II“, а целта е паркот „Жена-борец“. Должината на патеката е 1,6 километри.
Сите оние што сакаат да бидат дел од оваа трка може да се пријават он-лајн на www.prvdovrv.mk/dedomrazovskatrka или на инфо-пултот во паркот „Жена –борец“ од 25ти до 28ми декември. Котизација за учество е: 300 денари за поединци, 6.000 денари пакет за компании за четири учесници, 10.000 денари за компании за 10 учесници. Учеството за деца под 12 години е бесплатно, но мораат да дојдат во придружба на родител и со свој костум ( дедомразовска капа задолжително и да бидат облечени во црвено).
Првите 500 пријавени ќе добијат подарок Дедомразовски костум. Победниците на трката, којашто е од спортско-рекреативен и забавен карактер, ќе добијат медали и подароци.
Собраните средства од учесниците се наменети за изградба активна зона во Скопје, во која ќе биде поставена опрема за вежбање, односно ќе изгради фитнес центар на отворено кој ќе можат да го користат сите жители на градот.
Волшебниот парк е во организација на Универзална сала, под покровителство на Град Скопје, а спонзориран од Македонски Телеком и Т- Мобиле.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 04:00 до 08:00 часот, корисниците од населбите: Бутел и Север, општина Бутел, Топанско Поле и дел од Чаир, општина Чаир и Шуто Оризари и Визбегово, општина Шуто Оризари;
· од 07:30 до 15:30 часот, корисниците на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, броеви од 49 до 53, како и објектите во околината на Поликлиника – Идадија, општина Центар;
· од 08:00 до 16:00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов, подулици бр. 10, 15 и 18, општина Аеродром;
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од улицата Финска, општина Гази Баба;
· од 11:00 до 14:00 часот, корисниците од улицата Крагујевачка бр. 9, општина Карпош;
Македонија
Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје
В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло
Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор – црвено светло. На подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 526 прекршоци, од кои 84 се сторени од возачи кои управувале возило со странски регистарски таблички, извести МВР.
За управување на возило со брзина поголема од дозволената регистрирани се 504 прекршоци и 22 за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола. Исто така, изречени се вкупно 17 мерки „забрана за управување со возило“ – сите за управување возило со поголема брзина од дозволената, од кои 13 за брзина поголема од 80 км на час во населено место и четири мерки за брзина поголема од 10 км на час сопствено ограничување на возило.
Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење толерирани се 3.336 возачи, соопшти МВР.

