Скопје
Првпат годинава се организира и Виз Ер Скопје маратон експо
„Виз Ер Скопски маратон“ кој ќе се оддржи на 10-ти мај, е под покровителство на Град Скопје, Европската унија и Агенцијата за млади и спорт, а годинава главниот спознор „Виз Ер“, доделува бесплатен ваучер на сите учесници на маратонот во износ од 20 евра кој може да се искористи преку wizzair.com
„Виз Ер Скопски маратон“ кој ќе се оддржи на 10-ти мај, е под покровителство на Град Скопје, Европската унија и Агенцијата за млади и спорт, а годинава главниот спознор „Виз Ер“, доделува бесплатен ваучер на сите учесници на маратонот во износ од 20 евра кој може да се искористи преку wizzair.com
За што подобра промоција и информираност за маратонот, „Виз Ер Скопје маратон експо“ е саемот кој првпат годинава ќе се оддржи од 7-ми до 9-ти мај, три дена пред „Виз Ер Скопски маратон“. Ваков вид саем традиционално се оддржува во секоја светска метропола каде што се трча Маратонот.
Претпоследниот, односно втор рок за пријавување и плаќање за „Виз Ер Скопски маратон“ е до 10-ти април. Цените за пријавување кои важат до 10-ти април се: 300 денари за трката на 5 километри, 850 денари за маратонската и полумаратонската трка, 3.000 денари за екипа на учество на штафетниот маратон. По овој датум цените се зголемуваат, а поради пополнување на предвидениот број учесници, пријавувањето може да биде и затворено пред последниот предвиден рок за тоа, 4-ти мај. Пријавувањето се врши преку веб страната на маратонот www.skopskimaraton.com.mk
Во склоп на „Виз Ер Скопски маратон“ ќе се оддржи државното првенство на Македонија во маратон. Новитет е штафетниот маратон за кој постои голем интерес. Интересно е да се спомене дека по пат на лотарија, двајца македонски натпреварувачи/ки ќе имаат можност да трчаат на „Њујорк маратонот“, кој ќе се оддржи на 11-ти ноември годинава, со кој „Виз Ер Скопски маратон“ оствари соработка.
Популаризација на спортот како начин на водење здрав живот, поголема свест кај луѓето за спортување- во здраво тело, здрав дух, се дел од причините зошто маратоните се популарни, а саемите се едни од најпосетените низ светските метрополи. „Виз Ер Скопје маратон експо“, саемот по повод „Виз Ер Скопски маратон“ има тенденција да стане традиција и саем кој ќе биде центар за сите учесници, спонзори, светски спортисти и познати личности.
Оваа година подигнувањето на стартните пакети за учесниците во сите трки на „Виз Ер Скопски маратон ќе биде на „Виз Ер Скопје маратон експо“. Во периодот на оддржување на саемот влезот на саемот ќе биде бесплатен./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски
Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало и „Владимир Полежиновски“ бр. 7, во близина на ТЦ Буњаковец.
На првата локација, во близина на гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“, со асистенција на Министерството за внатрешни работи, се иселени бездомните лица, затекнати во руинираниот објект, по што започна расчистување на сметот во и околу куќата, извести Општината.

Интервенцијата е извршена по пријава и барање на жителите од околните згради, поради страв од пожари, кражби и загрозување на безбедноста и здравјето.
На втората локација во Буњаковец, поради присуство на малолетни бездомни лица, во акцијата е вклучена и социјалната служба. По завршување на постапката, ќе се пристапи кон целосно расчистување на просторот кој е претворен во мини депонија.

Ова не е првпат инспекциските служби на општина Центар да интервенираат на овие локации по барање на жителите. И покрај претходните интервенции, бездомни лица повторно се вселуваат во напуштени објекти, користејќи го фактот дека станува збор за куќи со нерешени имотно правни односи. Иако сопствениците се контактирани, поради недостиг на соодветна реакција, Општината е принудена постојано да интервенира со цел заштита на јавната безбедност, велат од Центар.
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски посочи дека ваквите објкети во кои се собираат бездомници и се создаваат диви депонии, не се само лоша слика за централното градско подрачје, туку и реална опасност за околината.

„Ги повикувам сопствениците да бидат одговорни, а граѓаните навремено да пријавуваат, за да можеме навреме и ефикасно да реагираме“, порача Герасимовски.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 80мм. на булеварот Илинден бб. во кругот на Ј.П.Парови и Зеленило Скопје, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на булеварот Илнден од крстоницата со улицата Франклин Рузвелт до крстосницата со булеварот 8ми-Септември, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00часот до завршување на работните активности.

