Скопје
„Пушкинови денови“ по осми пат во Кисела Вода
Манифестација “Пушкиновите денови” се одржа по осми пат во паркот „Пушкин“, во скопската општина Кисела Вода.
Пред бистата на Пушкин, свежо цвеќе поставија претставници од општина Кисела Вода и делегација од Амбасадата на Руската федерација, предводена од Михаил Лушин, аташе на Амбасадата на Руската федерација во Република Македонија.Манифестацијата одржана по повод 217 години од раѓањето на големиот руски и светски поет продолжи со богата програма која опфати музички изведби на трио флејти на учениците од МБУЦ Илија Николовски – Луј“: Каевска Ана, Јовиќ Тијана и Весиќ Андреј во класата на професор Николина Ефтимова Тодоровска, се претставија со Музички точки „Мелодија“ од Сергреј Бородин и музика од балетот „Лебедово езеро“ од Петар Илич Чајковски, беше интерпретирана руска поезија од студентите на катедрата за Руски јазик од филолошкиот факултет „Блаже Конески” при УКИМ, додека пак членовите на руските културни уметнички друштва од ансамблот „Чајка” и ансамблот „Славјанка”, изведоа сплет на руски игри. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




