Скопје
Пуштен во употреба дел од Боемската улица
Целиот потег на проектот “Боемска улица“ што досега е изграден од вторник е пуштен во употреба, со вкупна површина од околу 2700 м2, информира локалната власт.
Освен улицата Ѓорги Пешков, која е 55% од вкупната површина, опфатени се и дел од тротоарите на улица Орце Николов, спојот на улицата Орце Николов со улицата Михаил Цоков и тротоарот на улицата Михаил Цоков, спроти општината.
“Со ова ги демантираме гласините дека за предвидените средства во висина од 23.949.505,00 денари не е само комплетната реконструкција на улицата Ѓорги Пешков. На северниот дел на улицата Ѓорги Пешков е формиран мал плоштад со уникатна урбана опрема. Ова го наговестува и нашиот следен чекор. Продолжуваме од познатата “Идадија“, во ист стил. Имам позитивен притисок од угостителските објекти да продолжиме со оваа улица“, изјави градоначалникот на Центар Андреј Жерновски.
Тој додаде дека целиот коловоз е поплочен со коцки од природен гранит, со дебелина од 10 сантиметри, поставени се 15 нови декоративни канделабри, подземно се спуштени сите кабли од ЕВН и кабловските оператори, има нов дрворед и хортикултурно уредување на целиот потег и модерна урбана опрема. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

