Скопје
Пуштен во употреба Плоштадот „Делфина“ во Влае
Новиот плоштад во населбата Влае наречен „Делфина“, пуштен е во употреба во неделата вечерта, со што општина карпош доби уште еден монументален објект.
Плоштадот се простира на површина од околу 5000 квадратни метри, со впечатливо зеленило, шаренило и преубава фонтана, кои се само мал дел од „елементите“ кои ги содржи плоштадот „Влае“.
На грандиозното свечено отворање присуствуваа градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, вицепремиерот, Зоран Ставревски и претседателот на Советот на општина Карпош, Сашо Лазаровски, кои воедно ја пресекоа црвената лента која го означи почетокот на урбаното живеење и дружење на жителите од оваа населба.
Првиот човек на Општината, Стевчо Јакимовски, го изрази своето задоволство пред присутните и им порача пријатни летни денови поминати во овој простор.
Во своето пригодно обраќање првиот човек на оваа Општина рече дека плоштадот има неколку намени: на него граѓаните да се дружат и рекреираат, да се заштити просторот од друг вид урбанизација и изградба на згради, и конечно и поедеднакво важно, да одаде признание и сеќавање на почесната граѓанка на општина Карпош, трикратната светска првенка во маратонско пливање, Атина Бојаџи. Оттаму името на овој плоштад ќе биде „Делфина“ според истоимениот филм посветен токму на оваа легендарна македонска пливачка, рече Јакимовски.
Општина Карпош може да се пофали со уште многу други плоштади на територија на Општината, асфалтирани улици, тротоари, нови светилки, хортикултурно уредување долж главните улици, безбеден и чист Карпош. И сето ова нема да биде така, доколку не постоеше Советот на општина Карпош, рече претседателот Сашо Лазаровски кој се труди да ги реализира сите потреби на неговите жители.
-Советот на општина Карпош е местото каде се слеваат сите потреби, проблеми и решенија на нашите сограѓани. Ние ги препознаваме приоритетите на граѓаните. Жителите на Влае изразија желба за едно убаво и урбано место, за свое катче, каде што ќе можат да се собираат и дружат. Овој плоштад е уште еден доказ дека нашата Општина незапирливо граби напред, дека се урбанизира и заслужено го носи епитетот најевропска Општина во градот. – заврши Лазаровски. Тој додаде дека плоштадот, како и сите претходни и наредни објекти, се изградени со средствата на граѓаните од Карпош и дека со општинската работа е оправдан секој вложен денар.
На големото отворање, присуствуваше и вицепемиерот, Зоран Ставревски кој беше импресиониран од сработеното и ја поздрави идејата за овој рекреативен „центар“, каде слободно и безбедно ќе може да се дружат жителите на Влае, слободното време да го поминуваат заедно и сплотени. Како претставник од Владата на Република Македонија, тој им пренесе на присутните дека централната власт мисли да инвестира во нова фекална канализација и водоводна мрежа на неколку улици на територија на општина Карпош.
Небото над Влае светна како вистинско виножито од бои. Огнометот ги израдува најмладите, а измами и насмевка и кај најстарите. Громогласните овации не престануваа, додека културно-уметничката програма започна во полн ек.
На големата сцена продефилираа познати пеачки имиња а тоа се: Бубе Најдановска, Дани Димитровска, групата „Пеперминт“ и поп-ѕведата Влатко Лозаноски-Лозано.
Оваа вечер, во рамките на Карпошово културно лето, целовечерен концерт одржа музичката дива Тијана Дапчевиќ, која беше вистински шлаг за затворањето на овогодинешното Карпошово културно лето 2014 но и за свеченото отворањето на плоштадот „Влае“. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре без вода делови од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради промена на воздушен вентил на улицата Јустинијан Први (кај мостот), утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Драчево, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Во текот на јануари се отстранети 𝟤𝟩𝟨𝟧 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на првиот месец од 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 13 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, известуваат од Комунална хигиена-Скопје.

„Воедно, беа отстранети и 2765 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. Во рамките на активностите за отстранување диви депонии е интервенирано во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 400 кубни метри се подигнати во општината Центар.

Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец јануари изготви вкупно 56 едукативни записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Најголем број на записници – вкупно 32 – се врачени во скопската општина Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со одржување на јавната хигиена на булеварите, како и улиците што се во надлежност на Градот Скопје во сите скопски општини. Секојдневно, во три смени, се спроведува машинско и рачно метење на плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.

