Контакт

Скопје

Пуштена во употреба нова градинка во Петровец

Објавено пред

Нова градинка во која ќе можат да се згрижат 80 деца е отворена во петок во скопски Петровец.

dobivaj vesti na viber

Во изградбата на објектот Министерството за труд и социјална политика инвестираше 15 милиони денари.Премиерот Емил Димитриев, кој присуствуваше на отворањето на новата градинка, рече дека овој објект е пример за реализација на владиниот проект за изградба на градинки во сите делови на земјата. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Дел од Центар денеска без вода

Објавено пред

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од Ф-80 мм на улицата Црвена вода бр. 24, општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.

dobivaj vesti na viber

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на работните активности.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дел од Центар, Чучер Сандево и од Зелениково без струја

Објавено пред

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

· од 06:00 – 09:00 часот, корисниците од улицата Борка Талевски, општина Центар;

· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците од селата: Горно Оризари и Голиево, вклучувајќи го и каменоломот на АД Гранит во село Бразда, општина Чучер Сандево;

· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од дел од село Страхојадица, општина Зелениково.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Знае ли општинската инспекција за масовното уништување на животната средина во Аеродром“, прашува СДСМ

Објавено пред

„Застрашувачки се информациите за масовното уништување на животната средина на територија на Општина Аеродром, откриен од инспекцијата на Град Скопје. Додека општинските инспектори за заштита на животната средина спијат, градоначалничката од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовка како во некое нискобуиџетно реално шоу објавува снимки од нелегална сепарација за ископ на песок кај мостот на Вардар во Долно Лисиче“, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Општинската инспекција повеќе работи на личниот пи-ар и дигитален маркетинг на Дејан Митески, отколку на заштитата на животната средина.

Општината е во целосен распад, диви депонии на секој чекор, неискосени тревници, распадната урбана опрема и преполни контејнери и корпи за отпад се дел од секојдневието на жителите на Аеродром, како никогаш до сега. Енормно загадување на воздухот во зимскиот период. И сега дополнително загрозен водниот тек на реката Вардар и целиот негов екосистем.

Дејан Митески на сограѓаните од Аеродром им должи одговори: Работи ли нешто општинскиот инспектор за заштита на животната средина?

Дали Општина Аеродром има било каква информација или пријава дека на својата територија има сепарација за ископ на песок која работи без потребните лиценци, елаборати и дозволи? Доколку има дали тоа е проследено до Државниот инспекторат и инспекцијата на Град Скопје и зошто за тоа благовремено не е информирана јавноста?

Кога последен пат општинскиот инспектор за животна средина го посетил Долно Лисиче? Дали во последните 4 години општинскиот инспектор за заштита на животната средина има констатирано било какви прекршувања на законите за животна средина на територија на Аеродром?

Зошто раководителката на општинската администрација во работно време поминува повеќе време на расправање со граѓаните на Фејсбук отколку на терен? Ова ли е скандинавското управување со општините за кое говореше Мицкоски?

За катастрофите во Аеродром време е некој да понесе одговорност. Време е Митески и ВМРО-ДПМНЕ да заминат во опозиција“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија41 минута

Група инжинери со претстaвка до РКЕ: „Граѓаните да имаат реални сметки за струја базирани на реално мерење“

Новиот Закон за енергетика, јасно ја уредува обврската за мерење и фактурирање на електричната енергија според реална потрошувачка, но со...

Свет1 час

Нов пресврт, царините на Трамп остануваат во сила

Царините што ги воведе администрацијата на Доналд Трамп, а кои претходно оваа недела беа укинати од Трговскиот суд на САД,...

Свет1 час

Белата куќа му се заблагодари на Илон Маск за неговата работа

Беелата куќа му се заблагодари на Илон Маск за неговата услуга, откако милијардерот објави дека ја прекинува својата вклученост во...

Македонија11 часа

Мицкоски ќе се сретне со Орбан во Будимпешта

Премиерот Христијан Мицкоски в петок ќе присуствува на CPAC конференција во Будимпешта, Република Унгарија, соопшти владината прес-служба. Мицкоски во рамки...

Македонија12 часа

Сојузниците од НАТО треба да трошат по 5 отсто од БДП за одбраната, му рекол Рубио на Муцунски

Државниот секретар на САД, Марко Рубио на средбата со шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски,  нагласил дека е неопходно сојузниците во...

Македонија14 часа

Од 1 јуни ќе има венчавки во „Порта Македонија“

Постигнат е договор за користење на свечената сала во објектот Порта Македонија, со цел организирање на церемонии на венчавање и...

Македонија16 часа

Пет месеци откако исчезна, Миле Тодоров виден кај планината Серта

Дваесет и осумгодишниот Миле Тодоров кој се води за исчезнат од јануари, наводно бил забележан додека се движел покрај планината...

Македонија17 часа

Арсовска да не дозволи да биде инструментализирана од структурите на ДУИ: Ганиу до градоначалничката на Град Скопје

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, на денешната прес-конференција упати предупредување за загрижувачката состојба со управувањето на отпадот и јавните...

Македонија18 часа

Директорот на АНБ не направил лажна исправа: Обвинителството ја отфрли пријавата за фалсификување

По целосно спроведена постапка и извршени проверки, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на анонимните...

Македонија18 часа

Мицкоски: Да изгласаме закон за една изборна единица, но да ги вклучиме и граѓаните од дијаспората

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашања, ги повика пратениците од опозицијата да ги поддржат...

Македонија19 часа

Службеници во болница во Прилеп проневериле над 2,2 милиони денари – парите од партиципација си ги ставале в џеб

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против И. М. и С.Ч. во својство на...

Македонија20 часа

Пандов повика судењето за пожарот во Кочани да биде во европската судница во Идризово од 1,3 милиони евра: Три години е празна

Директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов денес апелираше судиите да закажуваат судења во новата судница во Идризово. Тој...

Македонија23 часа

Вградени првите пенилни протези на Клиниката за урологија: „Историски чекор во македонското здравство“

Клиниката за урологија во Скопје испиша ново поглавје во македонската медицинска историја. За првпат, во државното здравство, беа извршени три...

Македонија24 часа

Трајко Славески избран за нов гувернер на Народна банка

Трајко Славески е избран за нов гувернер на Народна банка. Собранието доцна синоќа гласаше за неговиот избор. Тој доби поддршка...

Македонија24 часа

(Видео) Данела Арсовска: Висар Ганиу истурал ѓубре пред Град Скопје, кога му реков дека доаѓам „џом“ да го нема

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, доцна синоќа пред Град Скопје, се вклучи во живо на социјалните мрежи и објави...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ ги соопшти имињата на 25 кандидати за градоначалници, повеќето ќе се борат за нов мандат

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ утврди 25 кандидати за градоначалници. За Град Скопје се’ уште не е донесена одлуката. Се работи...

Македонија1 ден

(Видео) Се бара донација од пченка и јаболка оти мечки се доближуваат до селата околу Шар Планина

Националниот парк „Шар Планина“ повика на донации во форма на домашна пченка и јаболка, бидејќи се забележани повеќе случаи во...

Македонија2 дена

Неопходно е да се додаде по уште една лента на експресниот пат Штип – Кочани, експертите ценат дека има и технички недостатоци

Денеска во Кочани претставници од Одделот за сообраќај на Министерството за внатрешни работи присуствуваа на експертскиот панел „Безбедносните ризици на...

Македонија2 дена

Изгласан Законот за ратификација на договорот со Обединетото кралство – власта ракоплескаше, опозицијата негодуваше

Со 76 гласа за, 6 против и без воздржани, Собранието го изгласа Законот за ратификација на договорот меѓу Владите на...

Македонија2 дена

(Видео) Јакимовски ја поддржува Арсовска: Не молчам, градат на диво, милиони испаруваат, Владата спие

Давам јавна поддршка на она што го прави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Ние може нејзе да не ја сакаме,...