Скопје
Пуштена во употреба првата автоматизирана катна гаража
Прва автоматизирана катна гаража во Македонија пуштена е во употреба во понеделникот во Скопје, во непосредна близина на објектот на МЕПСО и Шалтер сала на Македонски пошти.
Инвеститор на катната гаража „Солунски конгрес“, за која с епотрошени потрошени околу 5,5 милиони евр, е Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор одзначење на Републиката, а изведувач е градежната компанија Гранит АД Скопје.
Гаражата има со капацитет за 280 паркин места сместени во едно подземно, девет надземни и едно полу ниво и најсовремени технологии за автоматско паркирање.
На свеченоста денеска присуствуваше и премерот Никола Груевски кој изрази огромно задоволство што пуштањето на катната гаража се совпаѓа со еден од најголемите празници за македонскиот народ 8 Септември -Денот на независноста.
„Со нејзината изградба успеваме за грѓаните на Скопје да обезбедиме поголем слободен паркинг простор, а со тоа и зголемување на мобилноста и безбедноста во градскиот сообраќај. Главниот град расте, се повеќе возила се возат низ Скопје, расте бројот на туристи и потребна е соодветна инфрсруктура. Во изминатиов период беа изградени осум катни гаражи со вкупен капацитет од 2560 паркинг места. Денеска ја пуштаме во употреба деветата катна гаража“, истакна Груевски.
Објектот на катната гаража „ Солунски конгрес“ е снабден со висока технологија за паркирање, со влезно -излезен терминал, терминал за предавање на возилото, наплатен термнинал, информативен систем , следење на процесот на превземањето на возилото како и идентификација за слободен лифт. /крај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре без вода делови од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради промена на воздушен вентил на улицата Јустинијан Први (кај мостот), утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Драчево, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Во текот на јануари се отстранети 𝟤𝟩𝟨𝟧 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на првиот месец од 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 13 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, известуваат од Комунална хигиена-Скопје.

„Воедно, беа отстранети и 2765 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. Во рамките на активностите за отстранување диви депонии е интервенирано во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 400 кубни метри се подигнати во општината Центар.

Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец јануари изготви вкупно 56 едукативни записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Најголем број на записници – вкупно 32 – се врачени во скопската општина Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со одржување на јавната хигиена на булеварите, како и улиците што се во надлежност на Градот Скопје во сите скопски општини. Секојдневно, во три смени, се спроведува машинско и рачно метење на плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.

