Контакт

Скопје

Референдумот за ГТЦ не успеа да го постигне потребниот цензус

Објавено пред

Референдумот за ГТЦ не успеа да ја постигне потребната излезност од половина од запишаните избирачи во општината, откако до 19 часот на референдумот гласале 40,46 отсто од жителите, соопштуваат од граѓанската асоцијација МОСТ.

dobivaj vesti na viber

 

Од МОСТ соопштуваат дека според обработените податоци од 91 процент од гласачките места, 96,2 отсто биле „ЗА“, а 3,8 проценти гласале „ПРОТИВ“ референдумското прашање, кое гласеше „Дали сте за тоа да се задржи автентичниот изглед на фасадата на Градскиот Трговски Центар?“.

 

Одлуката за распишувањето на референдумот беше донесена од страна на Советот на општина Центар, откако советниците од коалицијата предводена од СДСМ гласаа за тоа на граѓаните на Центар да им се даде право самите да одлучат за изгледот на ГТЦ, додека пак советниците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ гласаа воздржано./крај/мф/бс

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Фото) 400 ученици од Гази Баба заминаа на летен камп

Објавено пред

Утрово 400 ученици од општинските основни училишта на територија на општина Гази Баба заминаа на училишен летен камп, кој се реализира во организација на Сојузот на училишен спорт на Гази Баба со субвенционирање од општината.

dobivaj vesti na viber

„Во рамките на кампот, учениците ќе бидат дел од спортски, едукативни и забавни активности, а дополнително ќе имаат обука за основна пливачка техника.

Општина Гази Баба со реализација на оваа мерка успеа да донесе радост кај децата, а една од клучните цели која се постигнува е поголема социјализација на учениците“, велат од Општината.

На испраќањето на учениците, покрај родителите присуствуваше и градоначалникот Бобан Стефковски кој им посака среќен пат и добра забава на учениците.

Овој камп се релизира трета година по ред.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дел од Аеродром и Карпош денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците во околината на објектот ЕКВИЛИБРИУМ на улица Руди Чајевац, општина Аеродром;

· од 09:00 до 16:00 часот, корисниците од дел од улица Ванчо Мицков, општина Карпош;

· од 10:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улица Кнез Трпимир и населбата Трнодол, општина Карпош.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Фото) Ѓорѓиевски: Расадник добива нова современа градинка

Објавено пред

Расадник добива нова, современа детска градинка. Со одлична динамика се одвива изградбата на уште еден капитален објект за најмладите жители на Кисела Вода, велат од Општината.

dobivaj vesti na viber

Новата градинка ќе се простира на површина од 800 квадратни метри и ќе има капацитет за згрижување на 120 деца. Објектот ќе располага со вкупно шест занимални, од кои две се наменети за јасли. Со оваа инвестиција Општината продолжува со исполнување на целта за целосно затворање на листите на чекање за прием во детските градинки.

На почетокот на мандатот на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски бројката на дечиња што чекаа место во градинка беше над 400. Сега, со изградбата и со отворањето нови објекти во населбите 11 Октомври, Потстаница и оваа во Расадник, Кисела Вода не само што обезбедува место за сите деца од општината туку отвора можност да прими и деца од соседни општини, соопшти Општината.

„Ова не е само инвестиција во инфраструктурата – ова е инвестиција во иднината. Обезбедуваме квалитетни услови за секое дете, но и големо олеснување за секој родител. Го исполнуваме ветувањето што го дадовме пред граѓаните – дека децата ќе бидат наш приоритет број еден. Благодарен сум им на Владата на Република Македонија, на премиерот Христијан Мицкоски, на Министерството за труд и социјална политика и на сите институции и луѓе што се вклучени во реализација на овој значаен проект“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

„Вчерашното насилство е дел од сценарио кое самиот Филипче го има направено пред месец дена во Дубаи на средба со Зоран Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и Венко Филипче се впуштија во реализација на сценарио за негов спас и за дефокус на македонската јавност. Инцидентот...

Свет2 часа

Израелски министер за одбрана: Ако Хезболах нападне, повеќе нема да постои

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Хезболах ќе биде уништен ако либанската организација го нападне Израел како поддршка...

Свет3 часа

Хезболах објави дека ќе го поддржи Иран: Ќе дејствуваме соодветно

Генералниот секретар на Хезболах, Наим Касем, изјави дека групата со седиште во Либан не е неутрална и дека стои зад...

Свет3 часа

Русија: Убиството на врховниот лидер на Иран би ја отворило Пандорината кутија

Промената на режимот во Иран е „неприфатлива“ и атентатот врз врховниот лидер на земјата „би ја отворил Пандорината кутија“, изјави...

Свет4 часа

(Видео) Иран испука нов бран ракети кон Израел

Иранската војска испука нов бран ракети кон Израел, соопшти израелската војска. Нападот доаѓа откако Израел издаде предупредување за евакуација до...

Свет4 часа

Шефицата на дипломатија на Северна Кореја: Со Русија имаме најсилен, непобедлив сојуз

Министерката за надворешни работи на Северна Кореја, Чое Сон-хуи, го поздрави договорот за меѓусебна одбрана меѓу Северна Кореја и Русија...

Свет4 часа

Израелци: Ирански проектил се отвори на висина од 7 км и се распрсна на мали бомби

Иран во неделата испали ракета врз Израел што расфрла мали бомби со цел зголемување на цивилните жртви, соопштија израелската војска...

Свет5 часа

Тајниот нуклеарен објект на Иран што може да го погоди само американска бомба

Во планинска област јужно од Техеран, скриен длабоко под земја, се наоѓа Фордо – објект за збогатување на ураниум кој...

Свет11 часа

(Фото) Сателитските снимки покажуваат штета на иранскиот нуклеарен реактор во Арак

Нови сателитски снимки со висока резолуција објавени денес од „Максар Технолоџис“ покажуваат значителна штета на иранскиот реакторски комплекс во близина...

Свет14 часа

Трамп ќе одлучи дали да го нападне Иран во рок од две недели, објави Белата куќа

Белата куќа објави дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе донесе одлука за евентуален напад врз Иран во следните две недели....

Македонија16 часа

Незгода на патниот правец Бошков мост – Дебар, сообраќајот во прекин

На патниот правец Р1202 Бошков мост – Дебар поради случена сообраќајна незгода сообраќајот е во прекин, извести АМСМ. Сообраќајот на...

Свет17 часа

Израелскиот министер за одбрана: Хамнеи не треба да постои

При посетата на местото на ракетниот напад утрово во Холон, израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека врховниот лидер...

Свет17 часа

(Видео) Иран утрово испали ракети кон Израел: стотици повредени, повеќе од 70 во болница

Најмалку 240 лица беа ранети во иранските ракетни напади утрово, објави Асошиејтед Прес, повикувајќи се на израелското Министерство за здравство....

Македонија19 часа

(Видео) Клековски: Експерт за ампутации од Словенија ќе дојде за третман на повредените во Кочани кои имаат ампутирани прсти

Грижата за повредените во пожарот во Кочани ќе биде долгорочна, ќе трае онолку години колку што ќе имаат потреба и...

Свет19 часа

Нетанјаху во ракетираната болница: Мојот син мораше двапати да ја откаже свадбата поради тревогата

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, им се обрати на новинарите пред болницата Сорока во Бершеба, која претходно беше погодена од иранска...

Македонија20 часа

(Видео) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ има изгубено 100 илјади гласа досега

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва укажа на, како што рече, драматичниот пад на поддршката за ВМРО-ДПМНЕ, економскиот колапс и...

Македонија20 часа

(Видео) Тепачка меѓу советници во Општина Кочани

Советници денеска се степаа на седницата на Советот на Општина Кочани. Како што објави Радио Кочани на паузата настанал хаос...

Македонија20 часа

(Видео) Мургашанска од СДСМ: Димитриевски ме тужи затоа што јавно го обелоденив неговиот криминал

Откога му ги откривме сите скандали на Максим Димитриевски, откога јавно проговоривме за сите сомнежи за коруптивни шеми со парцели...

Македонија22 часа

Се закануваат оние што правеа упад и тепаа, вели Мицкоски по најавите за штрајк на контролорите на летање поради партиски вработувања

Партиските вработувања и трупањето несуштински кадри во услови кога нема доволно контролори на летање, според премиерот Христијан Мицкоски, не е...

Македонија22 часа

(Фото) По седум години, повторно се отвори етнокомплексот „Македонско село“

По седум години, денес се отвори етнокомплексот „Македонско село“. Премиерот Христијан Мицкоски рече дека Скопје добива уште едно туристичко место,...