Скопје
Реконструкција на дел од коловозот на булеварот „Јане Сандански“
Почна реконструкцијата на дел од коловозот на булеварот „Јане Сандански“, во Општина Аеродром, на потегот од катната гаража „Илинден“ до крстосницата со улицата „Васко Карангелевски“, во должина од 475 метри.
„Во текот на градежните работи на булеварот „Јане Сандански“ ќе се отстрани постојниот оштетен асфалтен слој, ќе се нивелираат 37 шахти и сливници, ќе се заменат оштетените рабници, на местата каде што ќе се јави потреба ќе се обнови и носечкиот слој, по што на коловозот ќе се нанесе нов асфалтен слој `Сплит Мастикс` од еруптивно потекло на површина од околу 9.000 квадратни метри. Во текот на градежните работи ќе се обнови дел и од велосипедската патека од двете страни на булеварот“, рече градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски изјави дека ова е уште една потврда дека добрата соработка со Град Скопје дава позитивни резултати за подобрување на условите за живот на граѓаните, особено што станува збор за исклучително фреквентен булевар.„Нашата соработка во изградбата на сообраќајната инфраструктура ќе продолжи и во наредниот период, а Општина Аеродром исто така го искористи летниот период за реализирање на поголем број на проекти на улиците кои се под општинска надлежност. Така, неодамна во употреба беше пуштена новата улица „Анастас Митрев 3“ во населбата Мичурин, а започна и реконструкцијата на улицата „Горно Лисиче“ на потегот со вкупна должина од околу 1,7 километри“, изјави градоначалникот Коневски.На втората фаза од проектот за реконструкција на коловозот на булеварот „Јане Сандански“ ќе работат екипите на градежната компанија „Ескаватори – МК“, каде инвеститор е Градот Скопје кој за овој зафат ќе потроши околу 17,2 милиони денари.Во текот на реконструкцијата на коловозот на булеварот „Јане Сандански“ ќе се воведе привремен сообраќаен режим, поради што апелираме граѓаните да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја прилагодат брзината на движење кон условите на патот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирани два зафати во водоводната мрежа и тоа:
· поради уличен дефект на ул.Адам Мицкиевиќ бб (пред ОУ „Киро Глигоров“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Адам Мицкиевиќ-вклучително и основното училиште, дел од Козара и дел од Васил Ѓорѓов, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
· поради уличен дефект ф-225м на ул.Отокар Кершовани бб , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Отокар Кершовани,вклучително Амбуланта „Бит Пазар“, Петре Георгиев и Чаирска, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси
Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што ќе го промени секојдневието на илјадници граѓани кои го користат јавниот превоз, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи.
„Како што истакна премиерот Христијан Мицкоски, на Град Скопје ќе му бидат доделени 100 автобуси и 50 полначи. Тоа значи безбеден, навремен и достоинствен јавен превоз, но и силен удар во корист на заштита на здравата животна средина и чистиот воздух, наш приоритет што го должиме на нашите деца и идните генерации.
Оваа одлука е дел од стратешкиот договор влада со влада помеѓу нашата и владата на Унгарија, што овозможува набавка по исклучително поволни услови“, напиша градоначалникот.
Македонија
(Фото) „Водовод“ отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров
Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје, известува, дека со цел да овозможи поголема достапност на услугите за своите корисници, отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров. По тој повод, директорот на претпријатието, Иван Митровски, изврши увид во функционирањето и подготвеноста на новоотворениот наплатен пункт.

„Со отворањето на овој наплатен пункт, на корисниците им се овозможува плаќање на месечните сметки, проверка на состојбата на долгот за потрошена вода и пријавување на состојбата на водомерите.

Наплатниот пункт е лоциран во постоечкиот објект на ЈП Водовод и канализација -Скопје, на улица Ѓорче Петров, до Тинекс маркетот, и ќе работи секој работен ден од 07:30 до 15:00 часот“, соопшти „Водовод“.

Од таму информираат дека наплатниот пункт во Сарај е затворен.

