Скопје
Само во понеделник ќе се интонира химната во училиштата во Аеродром
Само во понеделник ќе се интонира македонската химна во училиштата во скопската општина Аеродром, откако со спроведената анкета се покажа дека речиси половина од анкетираните позитивно се изјасниле за тоа, но оние кои не се согласуваат барале редуцирање на праксата за секојдневно интонирање на химната.
Во однос на интонирањето на македонската химна во основните училишта 48 проценти од испитаниците се изјасниле позитивно во однос на интонирањето на химната, 38 отсто негативно, а 14 отсто се неутрални. Дел од испитаните граѓани, кои не се согласуваат химната на Република Македонија да се интонира секој ден, даваат предлог тоа да се прави еднаш неделно. „Општина Аеродром, почитувајќи ги сугестиите на граѓаните, донесе одлука химната да се интонира само во понеделник во рамки на училиштето, како што беше минатата година“, се вели во соопштението.Поголемиот број од анкетираните граѓани, поточно 48 отсто имаат негативно мислење и сугерираат да бидат консултирани пред да се воведе зонско паркирање, што Општината ќе го почитува и ќе дозволи зонско паркирање исклучиво на локации за кои граѓаните ќе бараат со големо мнозинство.На прашањето каква е вашата оцена за Општина Аеродром, споредено со другите општини, дури 85 отсто од анкетираните одговориле најдобра или меѓу подобрите. Само 4 отсто од испитаниците сметаат дека Аеродром е меѓу полошите или најлоша, а 11 отсто немаат одговор. Граѓаните, исто така, искажале голем процент на задоволство од работата на администрацијата, од транспарентноста, од хигиената во општината, но пред сè од проектите што ги работи, меѓу кои спортските центри „Јане Сандански“ и „Ново Лисиче“, спортските игралишта во сите населби, реконструкцијата на спортските сали во училиштата, изградбата на водовод и фекална инфраструктура во руралниот дел, проширувањето и изградба на нови паркиралишта, изградбата на девет нови паркови, доделувањето бесплатна парична помош за бебиња, изградбата на нова детска градинка „Сонце“, новите детски градинки во Горно Лисиче и во Јане Сандански предвидени за 2016 година, воведувањето бесплатен англиски јазик во градинките, бесплатната училишна облека, како и размената на најдобрите ученици и настава во Лондон.Со оглед на тоа што граѓаните искажаа задоволство од хигиената, Општина Аеродром во иднина, како и до сега, преку средби, анкети и други видови комуникација со нејзините жители, ќе ги земе предвид нивните мислења и сугестии во интерес на општината и на нивните потреби.Според резултатите од анкетата за задоволството на граѓаните од работата на Општина Аеродром што беше спроведена во текот на ноември на 2.721 репрезентативен примерок, нејзините жители сметаат дека таа е една од најдобрите општини.Анкетата во медиумите беше оценета како контроверзна, затоа што беше оценета како партиска, а се забележуваше и тоа што анкетните листови беа делени во училишта и градинки, а децата беа задолжувани да им ги однесат на родителите на пополнување, а потоа да ги вратат. Тогаш, од општината рекоа дека тоа е најевтин начин да се спроведе анкетата и дека таа се прави со цел подобрување на животните услови на граѓаните во општината./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Делови од неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 04:00 до 08:00 часот, корисниците од населбите: Бутел и Север, општина Бутел, Топанско Поле и дел од Чаир, општина Чаир и Шуто Оризари и Визбегово, општина Шуто Оризари;
· од 07:30 до 15:30 часот, корисниците на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, броеви од 49 до 53, како и објектите во околината на Поликлиника – Идадија, општина Центар;
· од 08:00 до 16:00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов, подулици бр. 10, 15 и 18, општина Аеродром;
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од улицата Финска, општина Гази Баба;
· од 11:00 до 14:00 часот, корисниците од улицата Крагујевачка бр. 9, општина Карпош;

