Скопје
СДСМ: Груевски не може да поднесе демократска форма на изјаснување на граѓаните
Да се оди во секое домаќинство во Општина Центар и да им се каже на граѓаните дека партијата не го поддржува референдумот, стои во дописот на Општинскиот комитет Центар на ВМРО-ДПМНЕ, што од СДСМ во четврток го покажаа на прес-конференција.
„Затоа почнале да ги применуваат нивните познати методи. Ќе носат партиски членови од други градови, Куманово, Велес, Прилеп, кои лажно се претставуваат како архитекти и ги убедуваат граѓаните дека референдум наводно немало да се одржи. Еве овој допис го потврдува тоа. Документот е официјален со печат и потпис на владејачката партија во којшто, дури јасно се наложува да се отстрануваат флаерите и плакатите со кои се информираат граѓаните за референдумот што ќе се одржи во недела“, рече Саша Богдановиќ, претседател на ОО СДСМ Центар.
Според него, ова е уште еден доказ дека Груевски не може да поднесе каква било демократска форма преку која граѓаните се изјаснуваат.
„Јанкулоска, која слушнавме дека е министер на ВМРО-ДПМНЕ, а не на МВР, поднела
повеќе прекршочни пријави против активисти што делеле пропаганден материјал, што е апсурд во која било минимум демократска земја. Ве повикуваме, да не дозволиме Никола Груевски и неговите соработници за нивни лични бизнис интереси да одлучуваат за ГТЦ“, додаде Богдановиќ.
„Во оваа прилика особено би сакал да се обратам до членовите и симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ од Центар. Особено ве повикувам вас, да гласате за зачувување на изгледот на нашиот заеднички ГТЦ. Ова не е борба против вас. Овој референдум е наша заедничка борба за нашиот Центар и нашето Скопје. На референдумот во недела особено се значајни вашите гласови. Дојдете на гласачките места, ослободете се и слободно искажете си го својот став. Ајде заедно да го зачуваме автентичниот изглед на ГТЦ, а после заедно да ставиме крај на лудилото во нашата земја и ги вратиме слободата и демократијата во Македонија“, рече потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.
Во недела, Општина Центар организира референдум, на кој граѓаните ќе треба да се изјаснат дали се за неменување на изгледот на Градскиот трговски центар, за кој беше планирана фасада во барок стил./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




