Скопје
СДСМ: Урбаната мафија не успеа, изгласаните ДУП – ови законски не може да бидат усвоени
Одлуката на советниците на СДСМ и коалицијата да ја напуштат седницата се покажа исправна и ефикасна. За деталните урбанистички планови гласаа само 11 советници, што е недоволно за нивно усвојување.
Ова во саботата го истакнаа во писмено соопштение до медиумите од Социјалдемократскиот сојуз за Македонија од каде велат дека согласно член 62, став 2 од Законот за локална самоуправа за усвојување на ваквите измени потребно е мнозинство гласови од вкупниот број членови во Советот на општина Центар.
„Советниците на СДСМ и коалициските партнери ги спречија бизнис – интересите на власта, што имаа за цел да го соголат Водно, со градби од 10 ката, коишто сеизмички го загрозуваат главниот град. За деталните урбанистички планови гласаа само 11 советници, што е недоволно за нивно законско усвојување“, се вели во соопштението на партијата.
Од таму нагласуваат дека ќе продолжат одлучно да се спротивставуваат на обидите на урбаната мафија да го загрозува здравјето и безбедноста на скопјани ставајќи ги бизнисите вредни над 630 милиони евра во преден план.
И општина Центар објави информација до јавноста дека на вчерашната седница не се усвоени измените на деталните урбанистички планови бидејќи како што велат од таму истите според законот мора да се донесат со мнозинство гласови од вкупниот број советници.
„Прописите се донесуваат со мнозинство на гласови од вкупниот број членови на советот, доколку поинаку не е определно со овој или друг закон“, се истакнува во соопштението на општина Центар.
Од таму потсетуваат дека со оглед на тоа што на вчерашната седница поддршка за спорните ДУП-ови дале 11 од вкупно 23 советници, плановите не се донесени.
ДУП-овите, беа поставени на Дневен ред на 23-та седница на Советот на Општина Центар, на предлог на советниците на ВМРО-ДПМНЕ./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре без вода делови од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради промена на воздушен вентил на улицата Јустинијан Први (кај мостот), утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Драчево, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Во текот на јануари се отстранети 𝟤𝟩𝟨𝟧 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на првиот месец од 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 13 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, известуваат од Комунална хигиена-Скопје.

„Воедно, беа отстранети и 2765 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. Во рамките на активностите за отстранување диви депонии е интервенирано во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 400 кубни метри се подигнати во општината Центар.

Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец јануари изготви вкупно 56 едукативни записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Најголем број на записници – вкупно 32 – се врачени во скопската општина Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со одржување на јавната хигиена на булеварите, како и улиците што се во надлежност на Градот Скопје во сите скопски општини. Секојдневно, во три смени, се спроведува машинско и рачно метење на плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.

