Скопје
Се чисти по големите поплави, отворени повеќе пунктови за помош
Екипите на штабот за заштита и спасување и во вторник делуваа на терен со сета расположлива човечка сила и механизација на терен во насока на расчистување на последиците предизвикани од големото невреме кое го зафати Скопје.
Вода за пиење од цистерни и флаширана вода редовно се доставува со сите пунктови во населените места од територијата на Општина Гази Баба кои беа најмногу погодени од невремето, а со механизација (цистерни и пумпи) се црпеше вода од поплавените дворови и куќи. Дополнително, отворени се пунктови за помош на настраданите во основните училишта „25 Мај“ и „Наум Наумовски-Борче“, информираат од Град Скопје.На терен се и екипи од Црвен крст, АРМ како и голем број на волонтери кои им помагаат на граѓаните и помагаат во дистрибуцијата на помошта. Градоначалникот Коце Трајановски во просториите на ОУ „Дане Крапчев“ одржа координативен состанок со претставници од армијата, Дирекцијата за заштита и спасување и со претставници од месните заедници од овие скопски села. Трајановски, заедно со поголем број на министри во Владата, посетија поголем број на населени места како се нанесени поголеми штети од невремето, како населените места Инџиково, Црешево, Смилковци, Виниче и Страчинци во Општина Гази Баба, Горно Лисиче во Општина Аеродром и Волково во Општина Ѓорче Петров. Во повисоките населени места во Гази Баба, Виниче, Црешево и Страчинци, поројните дождови предизвикаа голема материјална штета, пред се на патната инфраструктура.На овие средби жителите ги посочија местата каде треба приоритетно да се интервенира.За потсетување, Советот на Град Скопје донесе Одлуката за давање парична помош на настраданите од невремето на подрачјето на градот Скопје. Со оваа одлука Градот Скопје, како израз на солидарност за настраданите од невремето кое го зафати подрачјето на градот Скопје, на семејствата на починатите им доделува парична помош во износ од 180.000 денари, за секој починат член од семејството./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен
„Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен!“, порача градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
„Јавно побарав од сите советници да гласаат против одлуката од минатото за вработување на 21 лице, одлука што директно би го чинела градот 1,4 милиони евра. Тоа се пари на граѓаните, средства со кои можеме да изградиме кружни текови, да обезбедиме нови автобуси и да реализираме проекти што носат реална корист за Скопје. На градскиот буџет гледам како на сопствениот.
Кога го презедовме градот во финансиски колапс, со одговорно и домаќинско работење успеавме повторно да го исправиме на нозе. И затоа, партиските апетити немаат место во Град Скопје. Се бориме за Скопје какво што го сакаме – функционално, чесно и во служба на граѓаните“, кажа Ѓорѓиевски.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Делови од Центар и Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирани два зафати во водоводната мрежа и тоа:
· поради уличен дефект на ул.Адам Мицкиевиќ бб (пред ОУ „Киро Глигоров“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Адам Мицкиевиќ-вклучително и основното училиште, дел од Козара и дел од Васил Ѓорѓов, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
· поради уличен дефект ф-225м на ул.Отокар Кершовани бб , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Отокар Кершовани,вклучително Амбуланта „Бит Пазар“, Петре Георгиев и Чаирска, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.

