Скопје
Се чисти порта „Македонија“, закажани нови протести
За сабота, во 18 часот пред Специјалното јавно обвинителство повторно е закажан граѓански протест против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на политичари осомничени за изборен криминал.
Работници денеска ја чистат Триумфалната порта во центарот на Скопје, откако антивладините демонстранти синоќа ја гаѓаа со боја, а испишаа и графит „Грабеж“. Откако на демонстрантите, не им беше дозволено да протестираат пред Собранието, тие фрлаа со боја кон портата, која е дел од контроверзниот проект Скопје 2014, по што го продолжија протестот пред владата.
Изминативе три дена во Скопје, но и во други градови низ земјава се случуваат масовни протести со барања Иванов да ја повлече аболицијата. Организатор е граѓанската иницијатива Протестирам / Нема правда – нема мир.
За сабота од Протестирам искажаа поддршка за граѓаните кои планираат да протестираат во Струмица, а веќе два дена се протестира и во Битола, каде граѓаните порачуваат дека нема да го помилуваат градоначалникот, Владимир Талевски.
Протест во петок, што беше помасовен од претходните денови, а заврши пред Владата беше мирен, а помина со свирежи и скандирање „Готово е, Никола“, „Мафија“ и повремено фрлање со јајца кон владината зграда. Имаше и обиди за ситни провокации за судир со полицијата, кои ги смири лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, кој рече дека лично ќе ги предаде на полицијата сите оние кои на било кој начин ќе нападнат полицаец.
Демонстрантите пристигнаа пред Владата, откако полицијата го дозволи пристапот, по блокадата кај Камениот мост и затворениот пристап до Собранието.
Во исто време со овој граѓански протест, пред седиштето на СДСМ имаше контрапротест што го организира Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ), а се протестираше против тоа што претседателот Иванов ги аболицирал и Зоран Заев и Зоран Верушевски и ја поздравија одлуката за распишување избори на 5 јуни./крај/со/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Комунална хигиена-Скопје: Најголемо количество непрописно одложен отпад во февруари, 600 кубни метри, е подигнато во општината Центар
Во текот на месецот февруари 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 11 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, извести ЈП Комунална хигиена-Скопје.
„Отстранети се и 2505 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 600 кубни метри – е подигнато во општината Центар.

Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец февруари изготви вкупно 100 записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Записниците за прекршителите на Законот за јавна чистота беа врачени во следните општини:
1. Општина Чаир – 54 записници
2. Општина Карпош – 18 записници
3. Општина Аеродром – 11 записници
4. Општина Центар – 9 записници
4. Општина Ѓорче Петров – 6 записници
5. Општина Гази Баба – 2 записника
ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со реализација на еко-предавања и работилници во скопските основни училишта и предучилишни установи. Преку еко-едукацијата најмладите жители на нашиот град се запознаваат со активностите на Претпријатието, се едуцираат како правилно и совесно да постапуваат со својот комунален отпад, на кој начин се врши примарната селекција на отпадот и како се одвива процесот на рециклирање.

Во текот на минатиот месец, 253 ученици и 64 дечиња од основните училишта и градинките во општините Аеродром, Центар и Чаир имаа можност да ги проследат едукативните предавања за правилно постапување со отпадот и заштита на животната средина. Предавањата се одвиваа на македонски, албански и турски јазик“, соопшти ЈП Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.

