Скопје
Се гради пешачко-излетничка патека до манастирот „Свети Петар и Павле“ кај Ајватовци
Општина Илинден почна со реализација на проектот „Изградба на пешачко-излетничка патека за пристап до манастирот „Свети Петар и Павле“ кај Ајватовци, во должина од 770 метри.
Вкупната инвестиција за овој проект што Општина Илинден го реализира преку Програмата за рурален развој на Владата на Република Македонија, изнесува 6,3 милиони денари.
Со имплементацијата на овој значаен проект ќе се изврши уредување на пешачко-излетничка патека, која го поврзува населеното место Ајватовци и манастирот „Свети Петар и Павле“ со излетничкото место во село Ајватовци. Оваа локација е атрактивна и интензивно се користи од страна на граѓаните, како од Општина Илинден така и од многу други места.
Со проектните активности ќе се овозможи целосно уредување на пешачко-излетничката патека со асфалтирање, како и нејзино осветлување и поставување на клупи и корпи за отпадоци, со што излетничката патека целосно ќе ја добие својата функционалност.
Владата на Република Македонија и Општина Илинден потпишаа договор за одобрување на средства од 32 милиони денари преку Програмата за рурален развој, за реализација на 3 проекти. Покрај овој проект, со цел подобрување на инфраструктурната поврзаност на населените места, од страна на Агенцијата беше прифатен проектот „Рехабилитација на локалниот пат Илинден-Марино“ во должина од 2,1 км., а третиот проект кој доби поддршка за реализација е „Изградба на пешачко-рекреативна патека Марино-Кадино“ во должина од 1.500 метри. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирани два зафати во водоводната мрежа и тоа:
· поради уличен дефект на ул.Адам Мицкиевиќ бб (пред ОУ „Киро Глигоров“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Адам Мицкиевиќ-вклучително и основното училиште, дел од Козара и дел од Васил Ѓорѓов, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
· поради уличен дефект ф-225м на ул.Отокар Кершовани бб , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Отокар Кершовани,вклучително Амбуланта „Бит Пазар“, Петре Георгиев и Чаирска, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси
Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што ќе го промени секојдневието на илјадници граѓани кои го користат јавниот превоз, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи.
„Како што истакна премиерот Христијан Мицкоски, на Град Скопје ќе му бидат доделени 100 автобуси и 50 полначи. Тоа значи безбеден, навремен и достоинствен јавен превоз, но и силен удар во корист на заштита на здравата животна средина и чистиот воздух, наш приоритет што го должиме на нашите деца и идните генерации.
Оваа одлука е дел од стратешкиот договор влада со влада помеѓу нашата и владата на Унгарија, што овозможува набавка по исклучително поволни услови“, напиша градоначалникот.
Македонија
(Фото) „Водовод“ отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров
Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје, известува, дека со цел да овозможи поголема достапност на услугите за своите корисници, отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров. По тој повод, директорот на претпријатието, Иван Митровски, изврши увид во функционирањето и подготвеноста на новоотворениот наплатен пункт.

„Со отворањето на овој наплатен пункт, на корисниците им се овозможува плаќање на месечните сметки, проверка на состојбата на долгот за потрошена вода и пријавување на состојбата на водомерите.

Наплатниот пункт е лоциран во постоечкиот објект на ЈП Водовод и канализација -Скопје, на улица Ѓорче Петров, до Тинекс маркетот, и ќе работи секој работен ден од 07:30 до 15:00 часот“, соопшти „Водовод“.

Од таму информираат дека наплатниот пункт во Сарај е затворен.

