Скопје
Се гради поголема фекална канализација по булеварот „Партизански одреди“
Нов фекален колектор, по должина на булеварот „партизански одреди“, во Скопје, почна да се гради во четврток, со што ќе се зголеми капацитетот на постоечката фекална мрежа и ќе се избегнат честите затнувања.
„Новиот фекален колектор значително ќе го зголеми капацитетот на постојната фекална мрежа која е со помал капацитет и предизвикува чести запушувања. Со изградбата на новиот колектор ќе се решат долгодишните проблеми на граѓаните во овој дел од градот“, рече градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.Градоначалникот на Општина Карпош Јакимовски изјави дека станува збор за корисен инфраструктурен проект со чија реализација ќе се подобри состојбата со фекалниот колектор во населбите Тафталиџе 1 и 2 и во Нерези. Новиот фекален колектор на булеварот „Партизански одреди“ ќе биде со вкупна должина од 1.246 метри и ќе биде изграден на потегот од крстосницата со улица „Московска“ до крстосницата со булеварот „8-ми Септември“. На овој потег ќе бидат поставени канализациони цевки со профил Ф-500 милиметри, а ќе бидат поставени и 25 шахти.Градот Скопје од буџетот за овој проект ќе издвои околу 17 милиони денари, додека изведувач на работите е компанијата „Вардар градба“ ДООЕЛ Скопје./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре без вода делови од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради промена на воздушен вентил на улицата Јустинијан Први (кај мостот), утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Драчево, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Во текот на јануари се отстранети 𝟤𝟩𝟨𝟧 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на првиот месец од 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 13 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, известуваат од Комунална хигиена-Скопје.

„Воедно, беа отстранети и 2765 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. Во рамките на активностите за отстранување диви депонии е интервенирано во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 400 кубни метри се подигнати во општината Центар.

Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец јануари изготви вкупно 56 едукативни записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Најголем број на записници – вкупно 32 – се врачени во скопската општина Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со одржување на јавната хигиена на булеварите, како и улиците што се во надлежност на Градот Скопје во сите скопски општини. Секојдневно, во три смени, се спроведува машинско и рачно метење на плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.

