Скопје
Се одржа манифестацијата „Интерскопкејкс 2014“
Шестата по ред традиционалната манифестација „Интерскопкејкс 2014“ се одржа во саботата, 25-ти октомври, во Веро Центарот во Скопје.
Посетителите имаа можност да уживаат во креациите на аматери и на професионалци од земјава и од странство, а годинава учествуваа креативци од осум држави.
Манифестацијата беше проследена со богата музичка програма, а влезот на истата беше бесплатен.
Годинава манифестацијата се одвиваше во два посебни дела, каде што во првиот ревијален дел, граѓаните имаа можност да ги разгледаат изложените торти и изложбените штандови и да гласаат за најдобрата торта, додека во вториот дел беа прогласени најдобрите торти на „Интерскопкејкс 2014“.
На годинешново издание изготвувачите на торти беа поделени на професионалци и аматери и се натпреваруваа во две категории, поточно во правење најдобра свечена и детска торта.
Во категоријата професионалци – свечена торта, првото место го освои слаткарницата „511” (Македонија), второто место слаткарницата „Моцарт” (Македонија), додека третото место го освои слаткарницата „АЛЕКС” (Турција).
Во категоријата професионалци – детска торта, првото место го освои хотелот „ПАРК” (Црна Гора), второто место слаткарницата „Чоколатерија Аромати” (Македонија), додека третото место го освои слаткарницата „Дела Боса” (Србија).
Во категоријата аматери – свечена торта, првото место го освои Катерина Блажевиќ (Македонија), второто место Анџелија Николиќ (Србија), додека третото место го освои Драгица Павловиќ (Србија).
Во категоријата аматери – детска торта, првото место го освои Емина Ризвановиќ (Босна и Херцеговина), второто место и припадна на Елизабета Здравковска (Македонија), додека третото место припадна на тортата на Амбасадата на Република Полска.
Покрај овие, беа поделени и дополнителни награди: за најмлад учесник на „Интерскопкејкс 2014“ – Ангела Димовска (13 години), за најдобра композиција на торта – Зорица Николиќ (Србија) и за најтематска торта – Милена Алексиќ (Србија).
Покровител на манифестацијата „Интерскопкејкс 2014“ е Град Скопје, а организатор на настанот е Хуманитарната организација ХОА – Ангелчиња.
Овој проект произлегува од Програмата за финансирање проекти за развој на занаетчиството, угостителството и трговијата на Град Скопје за 2014 година.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски
Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало и „Владимир Полежиновски“ бр. 7, во близина на ТЦ Буњаковец.
На првата локација, во близина на гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“, со асистенција на Министерството за внатрешни работи, се иселени бездомните лица, затекнати во руинираниот објект, по што започна расчистување на сметот во и околу куќата, извести Општината.

Интервенцијата е извршена по пријава и барање на жителите од околните згради, поради страв од пожари, кражби и загрозување на безбедноста и здравјето.
На втората локација во Буњаковец, поради присуство на малолетни бездомни лица, во акцијата е вклучена и социјалната служба. По завршување на постапката, ќе се пристапи кон целосно расчистување на просторот кој е претворен во мини депонија.

Ова не е првпат инспекциските служби на општина Центар да интервенираат на овие локации по барање на жителите. И покрај претходните интервенции, бездомни лица повторно се вселуваат во напуштени објекти, користејќи го фактот дека станува збор за куќи со нерешени имотно правни односи. Иако сопствениците се контактирани, поради недостиг на соодветна реакција, Општината е принудена постојано да интервенира со цел заштита на јавната безбедност, велат од Центар.
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски посочи дека ваквите објкети во кои се собираат бездомници и се создаваат диви депонии, не се само лоша слика за централното градско подрачје, туку и реална опасност за околината.

„Ги повикувам сопствениците да бидат одговорни, а граѓаните навремено да пријавуваат, за да можеме навреме и ефикасно да реагираме“, порача Герасимовски.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 80мм. на булеварот Илинден бб. во кругот на Ј.П.Парови и Зеленило Скопје, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на булеварот Илнден од крстоницата со улицата Франклин Рузвелт до крстосницата со булеварот 8ми-Септември, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00часот до завршување на работните активности.

