Скопје
Се отвора можност за надградба на зградите во населбата "Пролет"
Зголемување на катноста за уште два спрата и поткровје се планира да се вметне во новиот ДУП „Пролет“, кој е во фаза на изработка.
„За да се реши проблемот на сите згради, од кои најголемиот број се во лоша состојба, се предвидува зголемување на катноста за уште два спрата и поткровје. Со ова, зградите во најстарата населба во Скопје ќе станат атрактивни за инвеститорите. Тие, пак, ќе бидат должни да ја санираат зградата, да постават енергетско-ефикасна фасада, нови инсталации, но и за првпат да инсталираат лифт. Општината нарача елаборат во Институтот за земјотресно инженерство, и на средбата наредната недела ќе ги презентираме наодите за стабилноста, доколку се зголеми катноста“, рече градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски, кој во вторник вечер имаше средба со жителите на населбата “Пролет”.Граѓаните своите размислувања ќе ги искажат на наредната средба, но и на јавната анкета за ДУП „Пролет“, која, како што вети Градоначалникот, ќе трае колку што е потребно и колку што ќе побараат жителите. Се очекува новиот ДУП да се најде на Дневен ред на една од наредните седниците на општинскиот совет. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

