Скопје
Се расчистува одронот кон средно Водно
По обилните врнежи на дожд кои во петокот ја зафатија Македонија, предизвикан е одрон на патот за Средно Водно, во близина на паркингот на Средно Водно.
На оваа локација испратени се екипите на јавното претпријатие “Улици и патишта” за расчистување на одронот.
Екипи на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје се на терен и ја проверуваат можноста за појава на нови одрони на патот кон Средно Водно, како и на патот од Средно Водно до црквата Свети Пантелејмон.
Градот Скопје апелира сите лица кои се движат по овие патишта (возила, пешаци, велосипедисти) да бидат внимателни и да се придржуваат на условите на патот.
Штабот за заштита и спасување на Град Скопје ја прати состојбата на терен и доколку има потреба дополнително ќе интервенира./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.

