Скопје
Се реконструира “Наум Наумовски – Борче“
Општина Центар во среда сопшти дека ја започна реконструкцијата на улицата “Наум Наумовски – Борче“, на потегот од булеварот “Партизански Одреди“ до улицата”Аминта Трети“(“Ленинова”).
Во првата фаза ќе биде реконструирана водоводот, во должина од 100 метри. Поради изградбата на нови згради на оваа улица, водоводот не можеше да го задоволи капацитетот, а за прв пат на дел од оваа улица ќе се постави и атмосферска канализација. Во втората фаза, општина Центар ќе уреди плоштад на крајот на улицата, кон “Партизански Одреди“, на површина од 400 м2, поплочен со павер-елементи и природен гранит.
Местото ќе биде разубавено со две големи жардињери со зеленило, нова урбана опрема, клупи, осветлување, а ќе има и површинско одводнување, како и ниско и високо зеленило. Ударните дупки, уништениот асфалт го оневозможуваат нормалното одвивање на сообраќајот, на што реагираа граѓаните, општината во третата фаза комплетно ќе ја асфалтира улицата, ќе ги нивелира шахтите и ќе уреди оштетените ивичници на улицата “Наум Наумовски – Борче“ и тоа на потегот од булеварот “Партизански Одреди“ до “Ленинова” (“Аминта Трети“).
Реализацијата на овој проект е дел од “Работното лето 2015“ на општина Центар, се вели во соопштението. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси
Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што ќе го промени секојдневието на илјадници граѓани кои го користат јавниот превоз, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи.
„Како што истакна премиерот Христијан Мицкоски, на Град Скопје ќе му бидат доделени 100 автобуси и 50 полначи. Тоа значи безбеден, навремен и достоинствен јавен превоз, но и силен удар во корист на заштита на здравата животна средина и чистиот воздух, наш приоритет што го должиме на нашите деца и идните генерации.
Оваа одлука е дел од стратешкиот договор влада со влада помеѓу нашата и владата на Унгарија, што овозможува набавка по исклучително поволни услови“, напиша градоначалникот.
Македонија
(Фото) „Водовод“ отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров
Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје, известува, дека со цел да овозможи поголема достапност на услугите за своите корисници, отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров. По тој повод, директорот на претпријатието, Иван Митровски, изврши увид во функционирањето и подготвеноста на новоотворениот наплатен пункт.

„Со отворањето на овој наплатен пункт, на корисниците им се овозможува плаќање на месечните сметки, проверка на состојбата на долгот за потрошена вода и пријавување на состојбата на водомерите.

Наплатниот пункт е лоциран во постоечкиот објект на ЈП Водовод и канализација -Скопје, на улица Ѓорче Петров, до Тинекс маркетот, и ќе работи секој работен ден од 07:30 до 15:00 часот“, соопшти „Водовод“.

Од таму информираат дека наплатниот пункт во Сарај е затворен.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.

