Скопје
Се реновира и Блок А од студентскиот дом „Гоце Делчев“
Пред неколку дена почна и целосната реконструкција на Блок А од студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје, со што треба да се подобрат условите на студентите кои што живеат во овој студентски дом.
Пред неколку дена почна и целосната реконструкција на Блок А од студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје, со што треба да се подобрат условите на студентите кои што живеат во овој студентски дом.
Министерот и заменик министерот за образование и наука, Абдулаќим Адеми и Спиро Ристовски, во петок беа на увид на градежните работи кои што почнаа де се одвиваат во студентскиот дом „Гоце Делчев“.„Во ноември 2015 година беше завршена целосната реконструкција и опремување на блок Б и сите студенти од Блок А се преместени во новите реконструирани простории. Пред неколку дена започна целосната реконструкција на блок А. Вредноста е околу 1,5 милиони евра а рок за изведба е шест месеци“, појасни Адеми.Се очекува во следниот период да се изврши целосна реконструкција на Блок В и Г, мензата и партерното уредување на комплексот.„Веќе е започната процедура за изградба на два нови студентски домови: студентскиот дом ‘Невена Георгиева Дуња’ во Скопје и студентскиот дом во Државниот универзитет во Тетово. Двата студентски домови ќе имаат капацитети од 300 односно 350 студенти. Отворањето на документацијата е закажана за 19-ти април“, рече Адеми.Започната е и постапка за снабдување на студентските домови со нови лифтови и тоадва во студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“, еден во „Никола Карев“ во Охрид, еден во студентскиот дом „Гоце Делчев“ и четири за СД „Пелагонија“.Покрај тоа, ќе биде набавен и мебел за сите студентски домови во Македонија./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

