Скопје
Шест илјади основци запишани во средните училишта во Скопје
Годинава во прва година во средните училишта на Град Скопје се запишани околу шест илјади ученици, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
Тој во понеделник го посети СУГС „Васил Антевски Дрен“ на првиот училиштен ден од учебната 2014/2015 година.
„Денеска почнува новата учебна година, а за некои од учениците е и прв ден во средношколските клупи, односно тие почнуваат и ново поглавје во нивното образование и живот. Годинава во прва година во средните училишта на Град Скопје се запишани околу 6.000 ученици, а во СУГС “Васил Антевски-Дрен” околу 500 ученици“, информираше Трајановски.
За време на посетата, градоначалникот направи и увид во градежните зафати и реконструкции кои беа направени во ова средно училиште во текот на летово.
„Годинава Градот Скопје продолжи со реконструкција на училишните објекти на средните училишта што се под негова надлежност. Во текот на ова лето градежни работи се изведуваа на 15 училишни објекти, за кои од Буџетот на Градот се издвоени околу 33,5 милиони денари. Изминативе неколку години Градот Скопје за реконструкција на средните училишта има издвоено 132 милони денари. Летово во СУГС „Васил Антевски Дрен” извршена е целосна замена на вратите во училиштето, како и замена на дел од прозорците“, истакна Трајановски.
Директорот на СУГС „Васил Антевски-Дрен“, Александар Канурков, кажа дека училиштето е целосно подготвено за почетокот на новата учебна година. Тој нагласи дека, согласно со препораките од Министерството за образование и наука, Министерството за здравство, како и Санитарниот инспекторат, поради појавата на жолтица, извршена е вонредна дезинфекција во училиштето.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре без вода делови од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради промена на воздушен вентил на улицата Јустинијан Први (кај мостот), утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Драчево, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Во текот на јануари се отстранети 𝟤𝟩𝟨𝟧 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на првиот месец од 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 13 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, известуваат од Комунална хигиена-Скопје.

„Воедно, беа отстранети и 2765 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. Во рамките на активностите за отстранување диви депонии е интервенирано во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 400 кубни метри се подигнати во општината Центар.

Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец јануари изготви вкупно 56 едукативни записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Најголем број на записници – вкупно 32 – се врачени во скопската општина Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со одржување на јавната хигиена на булеварите, како и улиците што се во надлежност на Градот Скопје во сите скопски општини. Секојдневно, во три смени, се спроведува машинско и рачно метење на плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.

