Скопје
Ширум Карпош се врши реконструкција на детските игралишта
Општина Карпош, од почетокот на април во континуитет врши реконструкција на детските игралишта на цела нејзина територија.
„Досега се целосно реконструрани, бојадисани, со сменети реквизити, сите детски игралишта во Карпош 4 , од кои три големи оградени игралишта и десеттина отворени простори за игра и забава на најмалите жители на Карпош. Во наредните денови ќе продолжи обновата на реквизити за игра на игралиштата во Тафталиџе, Козле и Карпош 3“, информира локалната власт. Нивна цел е до крајот на мај во целост да бидат обновени 70 детски играчишта на подрачјето на цела локална самоуправа, а воедно апелираат до граѓаните да не ја уништуваат новата опрема. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.

