Скопје
Скопјани на Urban tea concept дегустираа повеќе видови чаеви

Urban tea concept се одржа во средата вечер во Скопје, на кој присуствуваа повеќе граѓани, љубители на чај.
Настанот, во организација на МРК Дијалог Скопје, имаше за цел да ги здружи љубителите на чај и експертите од две македонски компании и Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје.
Присутните можеа да дегустираат разни чаеви, како и да се запознаат со традиционалната кинеска церемонија на чај.
Настанот беше збогатен и со пригодна музичка програма. /крај/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Герасимовски: Младите мора да положат возачки испит пред да седнат зад воланот, субвенционираме 10 илјади денари за полагање

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски потенцира дека полагањето возачки испит е задолжително за сите млади лица кои сакаат да управуваат со моторно возило. Тој, посочува дека младите кои сакаат да управуваат со моторно возило мора претходно да стекнат теоретски и практични знаења за безбедно возење, но и да се едуцираат за сообраќајните правила.
„Без едукација од страна на искусни инструктори возењето претставува огромен ризик за возачот, но и за сите учесници во сообраќајот, вклучувајќи ги и пешаците и велосипедистите. Возењето совесно е првиот чекор кон поголема безбедност во сообраќајот. За да ја подигнеме свеста и да ја зголемиме безбедноста, Општина Центар распиша јавен повик со доделување на субвенции во висина од 10 илјади денари за полагање возачки испит на сите млади лица кои во текот на 2025 година ќе наполнат 18 години, односно родени се во 2007 година и живеат на подрачјето на општината најмалку една година. Со намалување на ризичното однесување, како што се пребрзото возење, користењето мобилен телефон, управувањето возило под дејство на алкохол и управување на возилото без возачки испит, значително се намалуваат шансите за сообраќајни незгоди“, истакнува Герасимовски.
Герасимовски, вели дека безбедноста во сообраќајот започнува со свесни и одговорни одлуки зад воланот. Совесното возење значи почитување на сообраќајните правила, прилагодување на брзината според условите на патот и покажување внимание кон сите учесници во сообраќајот.
Субвенцијата изнесува 10.000,00 денари и може да се користи единствено за полагање на возачки испит во автошколи кои се регистрирани во Општина Центар.
Доставата на барањата се врши во архивата на Општина Центар – Скопје (барака бр. 6), од 09:00 до 15:00 часот, со приложување на следните документи: барање за субвенција, копија од лична карта, копија од трансакциска сметка, доказ за извршена уплата во автошкола и доказ дека автошколата е регистрирана на подрачје на Општина Центар.
Јавниот повик ќе трае сè до исцрпување на средствата предвидени во Буџетот на Општина Центар, односно до 31.12.2025 година.
Македонија
Без вода утре дел од Карпош

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради технички зафат на санација на затварачи од ф – 300 мм и ф – 125 мм на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов – спроти Реплек, во периодот од 02.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од населбата Тафталиџе 2 како и дел од корисниците од улицата Јуриј Гагарин во општина Карпош.
Македонија
Без струја денеска дел од Аеродром и Карпош

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од село Долно Лисиче, од надвозникот кон селото, општина Аеродром;
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од улицата 1770, во населба Бардовци, општина Карпош.