Скопје
Скопјани појадуваа на мост
Манифестацијата „Појадок на мост“ во недела се одржа на Камениот мост и Мостот на цивилизациите во Република Македонија, под покровителство на Град Скопје, во организација на Секторот за локален економски развој, а во соработка со Средното угостителско училиште на Град Скопје „Лазар Танев“.
Манифестацијата „Појадок на мост“ во недела се одржа на Камениот мост и Мостот на цивилизациите во Република Македонија, под покровителство на Град Скопје, во организација на Секторот за локален економски развој, а во соработка со Средното угостителско училиште на Град Скопје „Лазар Танев“.
На двата моста, појадуваа повеќе од две илјади граѓани, а со нив беше и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
„Почитувани граѓани, чест ми е што по петти пат имам можност да ја отворам и на сите вас да ви посакам добредојде на петтата традиционална манифестација “Појадок на Мост”. Ми претставува задоволство што гледам дека оваа манифестација е прифатена од граѓаните, па и оваа година на двата моста има голем број посетители и консументи, кои заеднички ќе појадуваат, ќе се дружат, но и ќе го почувствуваат гостопримството на овој град. Градот Скопје со организирањето на оваа манифестација, има за цел да ги обедини и зближи сите граѓани на Скопје и заедно да уживаат во уште еден несекојдневен заеднички појадок на симболот на градот Скопје, Камениот мост, а од минатата година и на популарно наречениот мост Око, којшто е доказ за сплотеноста на македонскиот народ со сите националности коишто живеат на овие простори. Поради својата уникатност овој настан стана препознатлив за Градот Скопје и ќе продолжи да привлекува голем број на посетители кои би уживале во убавините на нашиот град. Имено, Град Скопје континуирано работи и ќе работи во насока на збогатување на културно- забавниот живот на граѓаните и посетителите на Градот Скопје“, истакна градоначалникот Трајановски.
Манифестацијата се одржа во организација на СУГС „Лазар Танев“, а храната и ланч-пакетите ги подготвуваа 600 лица и тоа според сите светски и европски стандарди за подготовка на храна. Ланч-пакетите содржеа 14 до 15 различни продукти, а благодарение на донаторите коишто секако доаѓаат од угостителскиот сектор, секоја година има се повеќе избор на продукти кои влегуваат во ланч пакетите.
За реализација на настанот “Појадок на мост”, во Буџетот на Град Скопје за 2014 година издвоени се средства во износ од 600.000,00 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




