Скопје
Скопјани се запознаваа со богатата кинеска култура
Манифестацијата „Кинески пролетен фестивал во Скопје”, се одржа во сабота во Градскиот трговски центар, каде на сцена и голем број на штандови скопјани имаа можност да се запознаат со дел од богатата кинеска култура.
Оваа манифестација е дел од настаните со кои се одбележува 30 годиинината од збратимувањето на Градот Скопје и Нанчанг (Народна Република Кина).
На сцената настапија голем број на танчери и музичари од културниот ансамбл од Нанчанг, кои и вчера во Македонскиот народен театар ја изведоа претстава „Среќна Кинеска Нова Година, неверојатен Нанчанг”.
На поставените штандови присутните имаа можност да добијат разни сувенири, книги и предмети кои се типични за кинеската култура, а на дел од штандовите пред жителите на Скопје се презентираа поголем број на кинески компании.
„Кинески пролетен фестивал во Скопје” го посетија и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и Претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, амбасадор на Народна Република Кина, Зеншун Вен и Жоу Шулинг, заменик-претседавач на Постојаниот комитет на Народниот конгрес на Нанчанг.
Град Скопје и Нанчанг се збратимени од 1985 година и тоа е единствениот град од Азија со кој Скопје има соработка на ова ниво.
Нанчанг е главен град на провинцијата Џиангџи (Jiangxi) во југоисточниот дел на Кина. Се наоѓа на 60 километри од реката Јангце и се протега на бреговите на реката Ган. Градот Нанчанг е познат по Народниот плоштад кој е втор по големина јавен плоштад во Кина, веднаш зад плоштадот Тианамен во Пекинг. Нанчанг има популација од околу 5 милиони жители. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

