Скопје
Скопје има недостиг од јавни тоалети
Главниот град на Македонија, Скопје, има недостиг од јавни тоалети, а другите градови се уште во понезавидна состојба, заклучуваат група студенти на ФИНКИ преку проектот што го изработие на тема „Недостаток на јавните тоалети во главниот град Скопје”.
Целта на проектот е подигнување на јавната свест за недостаток на јавни тоалети во главниот град, Скопје.Од јавната анкета направена преку Instagram и Twitter, студентите од Финки доаѓаат до заклучок дека јавноста мисли дека има недостаток од јавни тоалети, граѓаните не се задоволни од постоечките јавни тоалети.Анкетата покажала дека граѓаните би сакале да има повеќе јавни тоалети, а тие да се постојано чисти.„Општото јавно мислење е дека доколку има повеќе јавни тоалети, тоа би имало позитивно влијание врз угледот на градот“, заклучуваат студентите кои работеле на проектот од резултатите на анкетата.Сметаат дека јавните тоалети се многу важен аспект кога е во прашање хигиената на еден град, а потенцираат дека во поразвиените земји јавни тоалети има на секои 500 метри, дури има и јавни тушеви, иако тоа не е случај со Македонија.
Тука, дури ни во главниот град, нема доволно јавни тоалети,а нема потреба воопшто да зборуваме за другите градови. Постоечките се во многу лоша хигиенска состојба.
„Зарем како граѓани на оваа држава нели треба да имаме пристап до чисти вециња кои работат 24/7. Недостатоков влијае на угледот на нашата држава, а и на Скопје како метропола. Туристите кои не се воопшто запознаени со нашата ситуација би биле зачудени од фактот што немаме јавни тоалети. Ако пробаат на некоја апликација или некој сајт што служи за наоѓање на најблизок јавен тоалет, не би им излегле никакви резултати“, велат студентите на Финки.
Доколку нема јавни вециња, секој човек е принуден да бара алтернативи како на пример ресторани, барови, кафулиња и останати приватни угостителски установи. Но, што ако нема пристап до нив, прашуваат студентите./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Комунална хигиена-Скопје: Најголемо количество непрописно одложен отпад во февруари, 600 кубни метри, е подигнато во општината Центар
Во текот на месецот февруари 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 11 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, извести ЈП Комунална хигиена-Скопје.
„Отстранети се и 2505 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 600 кубни метри – е подигнато во општината Центар.

Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец февруари изготви вкупно 100 записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Записниците за прекршителите на Законот за јавна чистота беа врачени во следните општини:
1. Општина Чаир – 54 записници
2. Општина Карпош – 18 записници
3. Општина Аеродром – 11 записници
4. Општина Центар – 9 записници
4. Општина Ѓорче Петров – 6 записници
5. Општина Гази Баба – 2 записника
ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со реализација на еко-предавања и работилници во скопските основни училишта и предучилишни установи. Преку еко-едукацијата најмладите жители на нашиот град се запознаваат со активностите на Претпријатието, се едуцираат како правилно и совесно да постапуваат со својот комунален отпад, на кој начин се врши примарната селекција на отпадот и како се одвива процесот на рециклирање.

Во текот на минатиот месец, 253 ученици и 64 дечиња од основните училишта и градинките во општините Аеродром, Центар и Чаир имаа можност да ги проследат едукативните предавања за правилно постапување со отпадот и заштита на животната средина. Предавањата се одвиваа на македонски, албански и турски јазик“, соопшти ЈП Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.

