Скопје
Скопје ќе добие пречистителна станица за отпадни води
Меморандум за изработка на студија за финансирање, изградба и работа на пречистителна станица за отпадни води за Скопје потпишаа во вторник Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски и претставникот на компанијата ЕГИС Еау од Франција, Бруно Оливиер, во присуство на француската амбасадорка Лоренс Оер.
Студијата треба да го дефинира најдобриот пристап за финансирање, изградба и управување со станицата за третман на отпадни води која ќе опслужува околу 600 илјади жители.
При тоа, таа треба да понуди и избор на најсоодветна финансиска и технолошка шема за спроведување на работите.Тоа подразбира дека ќе бидат понудени и разработени можни решенија за успешното интегрирање на буџетските средства на национално и на локално ниво, на приватните фондови, заемите на меѓународните финансиски институции, како и можности за финансирање на изградбата на пречистителната станица за отпадни води од страна на Европската Комисија преку ИПА фондовите.
Изработката на Студијата е финансиски помогната од Фондот за студии и помош во приватниот секто – ФАСЕП и Француската Влада, во висина од 729 илјади евра, а поддржана од Делегацијата на Европска Унија во Македонија, Светската Банка и Европската банка за обнова и развој.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




