Контакт

Скопје

Скопје одбележува 53 години од катастрофалниот земјотрес

Објавено пред

Скопје во вторник одбележува  53 години од катастрофалниот земјотрес, кога во 1963 година во 5:17 минути градот беше разрушен, а настрада околу 1.100 луѓе.

dobivaj vesti na viber

Во ЈУ Културно информативен центар Скопје, утре од 9 до 17 часот ќе се одржи традиционалната крводарителска акција на Црвениот крст на град Скопје и изложба на фотографии.Во ЈУ Младинскиот културен центар  во 20 часот ќе почне „МКЦ за Скопје“ – настан со кој ќе ја одбележат 53 годишни од скопскиот катастрофален земјотрес, а ќе биде отворен со изложбата „Скопје 63-Хроника на една катастрофа“ на фотографот Бошко Фржоп (Хрватска), потоа ќе бидат прикажани 5 кратки филмови на скопските режисери Игор Иванов Изи, Вардан Тозија, Даријан Пејовски, Ѓорче Ставревски и Марко Ѓокович.За крај на вечерта се планирани настапите на групите СИЗ, Stuttgart Online и YOU.

По тој повод, во Музеј на град Скопје, во 20 часот, во рамките на одбележувањето на 53 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, градоначалникот Коце  Трајановски ќе  ја отвори изложбата „Скопје 63-виртуелни изложбени тури“.Откако веста за оваа катастрофа го обиколи светот,  меѓународната заедница, односно сите земји во светот, ја започнаа акцијата за помош. Но, и по сета таа катастрофа, човечките  вредности, хуманоста, солидарноста, меѓуетничкиот соживот дадоа импулс за интензивирана градителска посветеност и помош за развој и истите беа на највисоко ниво, во размери невидени дотогаш во историјата.Скопје стана град на Интернационалната солидарност. Во Музејот на град Скопје, кој е нем споменик на тоа време, секоја година се навраќаме и се сеќаваме на тој настан,прикажувајки пред јавноста одделни теми кои откриваат детали од Скопје пред земјотресот, за време на земјотресот и по катастрофата. Во изминатите години Музејот создаде импресивна збирка на предмети, фотографии, филмски записи, архивски документи кои беа прикажувани на годишните времени изложби организирани секој 26 јули.Имајќи во вид дека презентирањето на меморијата за настаните врзани со Скопскиот земјотрес е неопходно да биде што подостапна за генерациите млади луѓе  родени после земјотресот, така што и самите имаат недостиг од сопствена меморија врзана за катастрофата, Музеј на град Скопје конципираше поинаков изложбен модел од досегашниот. Новиот концепт е моделиран базирајќи се врз дигиталните технологии кои се разбирливиот јазик на младите генерации, односно годинава Музејот започна со дигитално-виртуелно претставување на конвенционалните изложбени концепти, со што ќе им понуди на граѓаните многу поголем број  информации. Виртуелниот концепт на претставување на музејскиот материјал ќе биде постојано надополнуван со нови идни  концепти со што ќе се создаде база за создавање на Виртуелен музеј на 26. Јули.На тој начин сите информации и предмети кои Музејот на град Скопје ги собираше изминативе години ќе бидат достапни за граѓаните на светот еднакво како и за граѓаните на Македонија, презентирани на неколку светски јазици.Изработени се виртуелни изложбени тури со 360* приод до 4 конвенционални изложби, каде  што посетителите на веб страниците на Музеј на град Скопје и на Град Скопје, ќе имаат можност интерактивно да ги одбираат и разгледуваат содржините по сопствен избор во текот на целата година. Направен е избор од 4 изложби во продукција на Музеј на град Скопје на следните теми:2006- Граѓаните на светот за граѓаните на Скопје ;2009-Скршениот град;2013-Скопје 63-одбележување на 50 години од земјотресот;2014-Скопје 63 –Филмска хроника на едно време;Изложба 1-Продукција 2006- Граѓаните на светот за граѓаните на СкопјеСкопје е град на солидарноста. По земјотресот на 26 јули во 1963 година, хуманоста и  желбата да се помогне, се слеа од различни локации од целиот свет, и од тогашната татковина СФР Југославија. Од правта на земјотресот во еден кус период се подигнаа нови населби и објекти од јавен карактер, со несебична помош на народи и влади на држави од сите меридијани на светот. Се врати оптимизмот и надежта на овој град, а собраниот и обединет свет, со неизмерна верба и љубов, помогна во градењето на новото Скопје, кое стана симбол на човековата пожртвуваност, хуманост и солидарност.Изложба 2-Продукција 2009-Скршениот градПреку стари разгледници отсликано е  Скопје пред 1963 година, за време на катасрофалниот земјотрес и непосредно по него, како и дел од објектите од обновеното Скопје. Преку оваа изложба претставени се последиците  на катастрофата врз секојдневното живеење и граѓаните, како и  врз архитеконскиот амбиент. Солидарноста од целиот свет во спасувањето на граѓаните, но и во изградбата на ново Скопје е од особено значење, што неизоставно е дел од претставувањето и на оваа изложба. Изложба 3-Продукција 2014-Скопје 63 –Филмска хроника на едно времеИзложбата е подготвена по повод одбележувањето на 26 јули – денот на скопскиот катастрофален земјотрес од 1963 година, и 50-годишнината од премиерната изведба на документарниот филм „СКОПЈЕ ’63“ во режија на Вељко Булајиќ. Изложбата содржи историски податоци за времето на настанувањето на филмот проткаени во скопската приказна за летото ’63, и проследени со избран фотографски материјал кој ни го прикажува снимањето на филмот, како и селектирани кадри од истиот, низ еден хронолошки ред на настаните- од урнатини до враќањето на животот во него.Филмот постигнал светска слава. Го нашол своето место на најреномираните филмски фестивали во 60. години на минатиот век, а на неколку од нив добил престижни награди. Изложба 4-Продукција 2013-Скопје 63-одбележување на 50 години од земјотресот;Изложбата низ предмети и фотографии ни пренесува информации за земјотресот низ неколку сегменти, почнувајќи од првите мигови по катастрофата, сè до изградбата на првите монтажни населби во коишто, пред почетокот наз имата, беа сместени бездомните скопјани до почетокот на 1964 година. Изложбената содржината  е презентирана преку следните тематски целини: Први мигови по земјотресот, Културното богатство во урнатини, Спасување на затрупаните, Евакуација, Тито во Скопје (27 јули 1963), Скопје во југословенскиот и странскиот печат, Солидарност, Скопје – Град под шатори, Хрушчов во Скопје (22 август 1963), Расчистување на урнатините, Санација на објектите, Приградски населби и ООН. Во амбиентот на салата се сместени повеќе оригинални музејски експонати со историска и етнолошка содржина, од кои најголем дел  биле донирани од граѓани на Скопје. Благодарение на соработката на Музејот на град Скопје  со Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет – Скопје, и на соработката со Кинотеката на Македонија, Црвениот Крст на град Скопје, како и Амбасадата на Шпанија, Амбасадата на Бугарија и Генералниот конзулат на Кралството Данска, изложбата е исто така, збогатена со предмети што ги надополнуваат информациите за скопската трагедија. /крај/со/ст

Македонија

Комунална хигиена-Скопје: Најголемо количество непрописно одложен отпад во февруари, 600 кубни метри, е подигнато во општината Центар

Објавено пред

Во текот на месецот февруари 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 11 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, извести ЈП Комунална хигиена-Скопје.

dobivaj vesti na viber

„Отстранети се и 2505 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 600 кубни метри – е подигнато во општината Центар.

Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец февруари изготви вкупно 100 записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Записниците за прекршителите на Законот за јавна чистота беа врачени во следните општини:

1. Општина Чаир – 54 записници

2. Општина Карпош – 18 записници

3. Општина Аеродром – 11 записници

4. Општина Центар – 9 записници

4. Општина Ѓорче Петров – 6 записници

5. Општина Гази Баба – 2 записника

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со реализација на еко-предавања и работилници во скопските основни училишта и предучилишни установи. Преку еко-едукацијата најмладите жители на нашиот град се запознаваат со активностите на Претпријатието, се едуцираат како правилно и совесно да постапуваат со својот комунален отпад, на кој начин се врши примарната селекција на отпадот и како се одвива процесот на рециклирање.

Во текот на минатиот месец, 253 ученици и 64 дечиња од основните училишта и градинките во општините Аеродром, Центар и Чаир имаа можност да ги проследат едукативните предавања за правилно постапување со отпадот и заштита на животната средина. Предавањата се одвиваа на македонски, албански и турски јазик“, соопшти ЈП Комунална хигиена-Скопје.

Прикажи повеќе...

Македонија

Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје

Објавено пред

Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.

dobivaj vesti na viber

Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без вода делови од Центар и Сарај

Објавено пред

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:

dobivaj vesti na viber

· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;

· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош

Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда. „Основното...

Македонија5 часа

МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија...

Македонија11 часа

(Видео) Тошковски: Обезбедена е видеоснимка на која се гледа како сопругот ја удира жртвата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека во рамки на истрагата за трагедијата во Карпош е обезбеден видеозапис на...

Македонија12 часа

Се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, се работи на безбедна евакуација од погодените подрачја, соопшти МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на...

Македонија12 часа

По пад од балкон загина 10-годишно момче во Тетово: родителите дознале од соседите

Денеска (03.03.2026) во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче...

Македонија12 часа

Тошковски објави нови детали за трагедијата во Карпош: Жртвата негирала насилство пред полицијата, сопругот имал криминално досие и бил апсен за дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти нови детали за вчерашната трагедија во Карпош, во која загинаа мајка и дете....

Македонија13 часа

Бракоразводна постапка и пријава за насилство – вонреден надзор во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Министерството за социјална политика, демографија и млади изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на мајката и детето кои го...

Македонија13 часа

Државните нафтени резерви се стабилни и обезбедуваат сигурност, уверуваат надлежните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со посебно внимание ја следи состојбата со актуелната енергетска ситуација, особено во контекст...

Македонија13 часа

МНР со владиниот авион ќе ги евакуира нашите државјани од Израел, првите се очекува да пристигнат утре

За евакуација на Македонците кои сакаат да се вратат дома од Израел, Министерството за надворешни работи (МНР) ќе го испрати...

Македонија15 часа

Сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, велат од МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473...

Македонија15 часа

Едно лице задржано по трагедијата во Карпош: распити на повеќе лица, детален претрес на станот, екстракција на податоци од телефони, се обезбедуваат снимки

Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога...

Македонија15 часа

Почувствуван земјотрес во Гостивар

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5 часот и 21 минути...

Свет17 часа

(Видео) Објавено сведочењето на Клинтон за Епстин, Хилари е бесна

Нови видеа покажуваат како Хилари Клинтон речиси излегува од сведочењето зад затворени врати пред американските пратеници за Џефри Епстин откако...

Свет18 часа

Пезешкијан: Иран нема да стои настрана пред нападите врз училиштата и болниците

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека неговата земја нема да стои настрана поради американско-израелските напади што погодија женско училиште...

Свет18 часа

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата платформа Truth Social извести дека САД имаат рекордни залихи на муниција од среден и...

Свет19 часа

Рубио: Израел планираше да го нападне Иран, мораше да извршиме превентивни напади

Одлуката на Израел да го нападне Иран и сигурноста дека американските сили ќе бидат цел на одмазда ја принудија администрацијата...

Свет19 часа

(Видео) Познатата Палата Голестан во Техеран е оштетена, објавени се фотографии

Делови од Палатата Голестан, единственото место на светското наследство на УНЕСКО во иранската престолнина, беа оштетени во воздушен напад извршен...

Свет19 часа

Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток

Американското министерство за надворешни работи денес ги повика Американците веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји на Блискиот Исток,...

Свет19 часа

Нетанјаху: Војната нема да трае со години

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека американско-израелската војна против Иран може да трае „некое време“, но нема да трае...

Македонија1 ден

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го...