Скопје
Скопје се смееше на Априлијада 2016
Во петок, на плоштадот „Македонија“, деца од сите возрасти дојдоа да бидат дел од забавата под маски „Априлијада 2016-Скопје се смее“, што традиционално ја организираат Детски културен центар „Карпош“ и Град Скопје, па така се прошетаа, буба мари, спајдермени, супермени, каубојци, принцези, тигри и други.
„Под мотото „Скопје се смее“, секоја година го одбележуваме 1 април, денот на шегата и на овој начин и нашето Скопје се приклучува кон сите европски градови коишто го прославуваат овој ден. Денеска, од претпладневните, па се до доцните вечерни часови, граѓаните на Скопје, од најмала, па до најстара возраст ќе се забавуваат, дружат и шегуваат. Први април е денот кога децата, учениците, студентите и граѓаните на Скопје, можат да се маскираат во бетмени, кловнови, принцези и принцеви, односно во омилените ликови од цртаните филмови и стрипови“, истакна градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.Првиот дел од манифестацијата „Априлијада“-Скопје се смее е наменета за сите училишта, градинки, деца и граѓани на град Скопје и на околината. Во дневниот дел од забавата со маски, продефилираа многу принцови, принцези, кловнови, Маши, самовили, Супермени и Бетмени. За присутните деца настапија и фолклорната секција и балетската секција на ДКЦ „КАРПОШ“, децата од Златно славејче и Танцови групи од основните училишта од Скопје и од околината.Ноќната забава ќе почне во 21 часот, на Плоштад Македонија ќе настапат: Пиреја –Етно бенд, Коста Костовски, Кристина Арнаудова,Сашо Гигов –Гиш, Александар Тарабунов, Лаура Крлиу, Биљана Дабеска, Групата- THE NOISE MAKERS, маскирани посетители ќе продефилираат на сцената, ќе има и други изненадувања, да не откриваме се, а за крај и настап на Диџеј./крај
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Бутел утре без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина:
· од 06:00 – 10:00 часот, корисниците од ул. Пајак и ул. Наум Наумовски Борче. (Општина Центар)
· од 08:00 – 12:00 часот, дел од корисниците од ул.Пејо Јаворов (општина Кисела Вода)
· од 09:00-11:00 часот корисниците од улиците со бр. 406 и бр, 408 во с. Марино. (Општина Илинден)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улица со бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улиците Индира Ганди, Брсјачка Буна, Овчеполска, Пелагонија, Демирхисарска, Сландол, Хаџи Јован Шишков,Злетовска, Тиквешка и ул.Нов Живот. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање, порача Герасимовски
Комуналните инспектори и редари на општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени површини.
На секое неправилно паркирано возило ќе биде оставено известување за сторен прекршок, со предвидена казна од 50 евра во денарска противвредност, согласно Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на општина Центар.
Сторителот на прекршокот е должен веднаш да го подигне прекршочниот платен налог во Општина Центар, Сектор за инспекциски работи, барака 6А. Доколку казната се плати во рок од осум дена, сторителот плаќа половина од износот.
По истекот на рокот следува целосна наплата, односно се поведува прекршочна постапка пред надлежен суд, извести Општината.

„Редот се спроведува доследно и без исклучоци. Жителите на Центар го бараат тоа од нас. Безбедноста на пешаците и заштитата на јавните и зелените површини ни се приоритет“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.
Општина Центар ги повикува граѓаните да ги почитуваат правилата и да придонесат за подобра урбана и животна средина.

