Скопје
„Скопје за Боуви“ – види музика, слушни слика, добиј книга
Овогодинешната манифестација Види музика, слушни слика, добиј книга што ќе се одржи во Градскиот парк на 23 јуни, ќе биде во знакот на легендарниот Дејвид Боуви.
„Годинава манифестацијата Види музика, слушни слика, добиј книга, којашто се одржува веќе девет години, ја посветуваме на британската музичка легенда Дејвид Боуви, односно Македонска филхармонија ќе изведува дел од многубројните негови хитови. Исто така, публиката ќе може да ужива во творењето на афирмираните ликовни уметници Ивана Младеновска и Агрон Абдули и секако ќе можат да си заминат дома со книгата на Мери Финиган „Психоделија во предградието- Дејвид Боуви и уметничката лабораторија во Бекенам“, истакна директорот на МКЦ, Златко Стевковски.Директорот на Македонската филхармонија, Маја Чанаќевиќ со задоволство го најави нивното учество во реализацијата на оваа манифестација којашто годинава е посветена на мегаѕвездата Боуви.Емин Џијан рече дека направиле хронолошка селекција на хитовите на Боуви и најави изведба на 15 хитови. Во изведба на композициите, кои овој пат ќе добијат поинаков и автентичен израз, освен Македонската филхармонија ќе учествува и бенд, како и Женскиот хор при МКЦ.На настанот на многубројната публика ќе им бидат поделени и 20 илјади примероци од книгата „Психоделија во предградието – Дејвид Боуви и уметничката лабораторија во Бекенам“ на Мери Финиган. Книгата зборува за самите почетоци на кариерата на Боуви, кога како 22-годишен музичар очајно се обидува да најде некој клуб во Лондон, каде што ќе може да свири. Мери Финиган пишува во прво лице, како тогашна негова пријателка и љубовница и ни дава директни сведоштва за периодот на Боуви за кој досега сме знаеле многу малку./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

