Скопје
Скопската гимназија „Јосип Броз Тито“ стана енергетски ефикасно училиште
Во рамките на Деновите на енергетска ефикасност на Град Скопје, во четвртокот се одржи промоција на реконструкцијата на покривот и на фасадата на СУГС „Јосип Броз –Тито“, со што ова училиште стана енергетски ефикасен објект, на промоцијата присуствуваа скопскиот градоначалник, Коце Трајановски, Ханс-Хелге Сандер, заменик-амбасадор на Германија во Македонија, Александро Фракасети, заменик на постојаниот претставник на ОН во Македонија, заменик-регионалниот проект раководител од ГИЗ (Германското друштво за интернационална соработка) Јасна Секуловиќ и директорката на СУГС „Јосип Броз –Тито“, Татјана Стојанова-Дуева, како и наставници од средни училишта на Град Скопје.
„Денеска сме собрани овде заеднички да ја искажеме нашата морална одговорност кон општеството, градот и планетата воопшто, една од основните морални вредности на секој поединец. Европската комисија на 29-ти јануари 2008 година поведе голема иницијатива за поврзување на градоначалниците во енергетски свесни европски градови во постојана мрежа со цел размена на искуства во спроведувањето на делотворни мерки за подобрување на енергетската ефикасност на урбаните средини. Заедно со националните влади, локалните и регионални власти, државите членки на ЕУ ја делат одговорноста и активно ја преземаат обврската за борба против глобалното затоплување преку програма за ефикасно користење на енергијата и користење на обновливите извори на енергија“, рече градоначалникот Трајановски
Податоците на Европскиот статистички завод (EUROSTAT) покажуваат дека урбаните подрачја во Европската унија се одговорни за 80 отсто од енергетската потрошувачка и соодветните емисии на CO2 со тренд на годишен пораст од 1,9 проценти.
„Токму од таа причина, целта на Европската комисија за намалување на емисиите на стакленичките гасови за повеќе од 20 отсто може да се оствари само ако во процесот се вклучат и локалните власти, локалните инвеститори, граѓаните и нивни здруженија. Градот Скопје активно учествува во преземањето мерки за енергетска ефикасност во јавните објекти. Најсвеж пример во кои Градот Скопје може да се пофали дека има еден добар енергетски ефикасен објект е СУГС ’Јосип Броз-Тито’. Заменети се речиси сите прозорци во енергетско ефикасни, извршено е замена и на покривот и направена е нова енергетски ефикасна фасада. Фасадата е направена со финансиска поддршка од УНДП и чини 3.905.717 денари, од кои Градот учествува со 2.331.300 денари. Целата реконструкција е извршена со проект за реконструкција на фасада, кој Градот го поседува и има исти такви за сите средни училишта кои се под наша надлежност. Со преземањето на овие мерки за енергетска ефикасност се предвидува заштеда на енергија околу 30 отсто, како подобрување на амбиенталната температура во просториите, а потоа и во намалување на внесената енергија за загревање“, рече Трајковски.
Градоначалникот посочи дека изминатите години изврши гасифиција на две средни училишта, како „Георги Димитров“ и „Здравко Цветковски“, ,во тек е и гасификацијата на „Зеф Љуш Марку“ и Арсени Јовков“, средствата коишто се инвестираат во овој проект се враќаат за помалку од две години, а имаме заштеда од околу 50 отсто.
Заменикот постојан претставник на светската организација во Македонија, Александро Фракасети, го изрази своето задоволство од успешната реализација на проектот во гимназијата „Јосип Броз-Тито“, како и своите надежи дека успешната соработка со Градот Скопје ќе продолжи и во иднина.
Претставникот на амбасадата на Германија во Скопје, во своето обраќање пред присутните посочи дека Градот Скопје е лидер од градовите во регионот во реализирање проекти за енергетски ефикасни објекти.
Со овој настан во четвртокот завршија и Деновите на енергетска ефикасност 2014-та, коишто финансиски го поддржа ГИЗ (Германското друштво за интернационална соработка), во чии рамките бае организирани повеќе настани.
Во областа на мобилноста и сообраќајот во средното училиште „Боро Петрушевски“, учениците преставија велосипед кој со неговото движење полни мобилни телефони, нивни други идни вакви проекти, а Градот изврши промоција на апликацијата Патувај зелено (green route) и велосипедските патеки во Скопје.
Во Младинскиот културен центар се одржа филмски фестивал на тема енергетска ефикасност на кој беа прикажани едукативни филмови за граѓаните и директорите на училиштата и културните институции и професори кои работат на тематика на заштита на природата и енергетска ефикасност.
Во текот на изминатите три дена ученици делеа едукативни материјали од областа на енергетската ефикасност во центарот на градот./крај/мф/сд
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 04:00 до 08:00 часот, корисниците од населбите: Бутел и Север, општина Бутел, Топанско Поле и дел од Чаир, општина Чаир и Шуто Оризари и Визбегово, општина Шуто Оризари;
· од 07:30 до 15:30 часот, корисниците на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, броеви од 49 до 53, како и објектите во околината на Поликлиника – Идадија, општина Центар;
· од 08:00 до 16:00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов, подулици бр. 10, 15 и 18, општина Аеродром;
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од улицата Финска, општина Гази Баба;
· од 11:00 до 14:00 часот, корисниците од улицата Крагујевачка бр. 9, општина Карпош;
Македонија
Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје
В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло
Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор – црвено светло. На подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 526 прекршоци, од кои 84 се сторени од возачи кои управувале возило со странски регистарски таблички, извести МВР.
За управување на возило со брзина поголема од дозволената регистрирани се 504 прекршоци и 22 за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола. Исто така, изречени се вкупно 17 мерки „забрана за управување со возило“ – сите за управување возило со поголема брзина од дозволената, од кои 13 за брзина поголема од 80 км на час во населено место и четири мерки за брзина поголема од 10 км на час сопствено ограничување на возило.
Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење толерирани се 3.336 возачи, соопшти МВР.

