Скопје
Скопската гимназија „Орце Николов“ одбележува 60 години постоење
Со низа настани и културни манифестации, оваа недела ќе биде одбележана 60-годишнината од постоењето на скопската гимназија „Орце Николов“.
Во рамки на неделата „Денови на Орце Николов“ во периодот од 23 до 27 март ќе се одржат повеќе работилници, меѓу кои литературно читање, дебатен клуб и трибина, драмска секција, уметничка работилница и спортски активности.
Манифестацијата продолжува во петок, со свечена академија во Домот на АРМ, каде свое обраќање ќе имаат директорката на гимназијата и повеќе видни личности, а потоа ќе следува музички перформанс проследен со настап на познати македонски имиња.
„По повод 60-годишниот јубилеј, гимназијата „Орце Николов“, во петок, во Домот на АРМ со почеток во 18 часот ќе одржи свеченост на која ќе учествуваат некогашни и сегашни ученици. Настанот ќе биде промоција на креативност и уметност претставени во музички настап на познати македонски имиња“, вели директорката Сунчица Поповска.
За младите, пак, в сабота со почеток од 19 часот во холот на гимназијата “Орце Николов“ ќе биде организиран концерт на кој ќе настапат бендови од повеќе скопски гимназии.
Влезот за овој настан чини симболични 50 денари, а собраните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели, на двегодишно дете кое боледува од тумор. Со ова, официјално ќе бидат затворени „Деновите на Орце Николов“. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Финансиска поддршка за квалитетни проекти и активности“: Герасимовски упати јавен повик за граѓанските организации
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, упати повик до сите зруженија и фондации кои дејствуваат на територијата на општина Центар да се пријават за финансиска поддршка за 2026 година.
Средствата се наменети за поддршка на локалната заедница, со фокус на развојот на микро-бизнисите, програмите и проектите за млади, социјалните услуги, родовата еднаквост, заштитата на животната средина и образованието за возрасни.
Герасимовски посочи дека невладините организации се докажани партнери на општината, промотори на позитивни вредности и нови идеи.
„Ги повикувам сите здруженија и фондации што имаат добра идеја и квалитетен проект да се пријават на јавниот повик и да ја искористат можноста за финансиска поддршка“, порача градоначалникот Герасимовски.
Рокот за поднесување пријави и документација е 10 дена од денот на објавувањето на веб-страницата на Општина Центар.
Пријавите може да се достават преку пошта на адресата Општина Центар – Скопје, улица „Михаил Цоков“ бр. 1, или во Архивата на Општина Центар (барака 6) од 9 до 15 часот.
Повеќе информации за јавниот повик на: Јавни повици | Општина Центар
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза
Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите под надлежност на градот, каде навремено посипуваме сол поради ниските температури, со посебен фокус на критичните точки, напиша на социјалните мрежи, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„Додека градот спие, ние сме будни, бидејќи грижата за граѓаните не познава пауза, ниту пак временски услови“, додаде тој.
Македонија
Без струја денеска дел од Бутел
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска е планиран прекин и тоа:
– во периодот од 09:00 до 10:30 часот, дел од потрошувачите на улицата Гемиџиска (првите куќи на почетокот од улицата) и деловните објекти на почетокот од ул.Ферид Бајрами каде се наоѓа предметниот објект. (општина Бутел)

