Скопје
Скопскиот градоначалник на средба со жителите од Ѓорче Петров
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Сокол Митровски, како и директорите на јавните градски претпријатија во понеделникот присуствуваа на акција за чистење во споменатата скопска општина, на пешачката патека покрај булеварот „Македонска војска“, акција која е дел од единаесеттиот циклус посети на општините во главниот град и средби со претставниците на урбаните и на месните заедници.
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Сокол Митровски, како и директорите на јавните градски претпријатија во понеделникот присуствуваа на акција за чистење во споменатата скопска општина, на пешачката патека покрај булеварот „Македонска војска“, акција која е дел од единаесеттиот циклус посети на општините во главниот град и средби со претставниците на урбаните и на месните заедници.
На посетата на терен градоначалникот Трајановски се осврна на активности кои јавните претпријатија на Градот Скопје ќе ги спроведуваат во планираните три дена.
„вие три дена на територијата на општина Ѓорче Петров екипи на јавните претпријатија ќе дејствуваат на решавање на проблеми во своите области. Така, екипите на ЈП „Улици и патишта” ќе работат на санација на повеќе улици и ќе спроведуваат акции за крпење на ударните дупки, екипите на ЈП „Комунална хигиена” ќе работат на чистење на сметот, како и на метење и миење на улиците во општината, екипите на ЈП „Водовод и канализација” со луѓе и механизација ќе работат на чистење на шахтите и сливниците, како и на отстранување на дефектите со водоснабдувањето, додека екипите на ЈП „Паркови и зеленило” ќе работат на косење на тревата и кастрење на гранките“, рече Трајановски.
Скопскиот градоначалник нагласи дека соработката со Општина Ѓорче Петров е на високо ниво и тоа резултира со голем број реализирани проекти на територијата на општината. Како проекти кои се реализираат во моментов, Трајановски ги издвои изградбата на пречистителната станица во Волково, како и првата фаза од продолжувањето на булеварот „Партизански одреди”.
„Во моментов се одвиваат градежните работи од првата фаза од продолжувањето на булеварот „Партизански одреди” со изградбата на кружната крстосница кај Порта Влае. Паралелно со градежните активности, службите на Градот Скопје работат на средување на имотно-правните односи на вториот дел од овој проект, кој ќе го поврзи булевар „Партизански одреди” од новиот кружен тек до кружната сообраќајница кај црквата „Свети Петар и Павле”. На расчистување на имотно-правните односи периодов се работи и на трасата на улицата „Борис Сарафов”, по што ќе следува нејзино проширување и реконструкција“, појасни Трајановски.
Градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Сокол Митровски ја поздрави оваа работна пракса и средби, нагласувајќи дека истата резултира со голем број реализирани проекти, како и на значително зголемување на квалитетот на услуги кои ги даваат Градот Скопје и јавните претпријатија
На средбата со урбаните заедници, на којашто покрај градоначалниците присуствуваа и директорите на јавните претпријатија, раководителите на пунктовите на претпријатијата, како и претставници на секторите од администрациите на Градот Скопје и Општина Ѓорче Петров, се дискутираше за состојбите на терен во општината, меѓусебната соработка, како и резултатите од истата./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје
В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло
Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор – црвено светло. На подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 526 прекршоци, од кои 84 се сторени од возачи кои управувале возило со странски регистарски таблички, извести МВР.
За управување на возило со брзина поголема од дозволената регистрирани се 504 прекршоци и 22 за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола. Исто така, изречени се вкупно 17 мерки „забрана за управување со возило“ – сите за управување возило со поголема брзина од дозволената, од кои 13 за брзина поголема од 80 км на час во населено место и четири мерки за брзина поголема од 10 км на час сопствено ограничување на возило.
Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење толерирани се 3.336 возачи, соопшти МВР.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.

