Скопје
ССК со 17 општини од Скопски плански регион ќе работи на регионален економски развој
Челничката на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска, потпиша во петокот меморандум за соработка со претседателот на Советот за развој на скопскиот плански регион, Сокол Митровски, чија цел е јакнење на соработката во сферата на јавното приватно партнерство.
Во рамки на Регионалниот совет на скопскиот плански регион присуствуваа 17 градоначалници од општините кои ги опфаќа овој регион. На состанокот беа дискутирани можностите за дополнителен развој и креирање поволни услови за работа на бизнис секторот во општините, зголемување на инвестициите, ефикасност на администрацијата, соодветна инфраструктура и партнерство со индустријата како клучни во насока на подобрување на деловно опкружување.
„Двете институции заеднички ќе работат на јакнење на принципот на jавно-приватно партнерство, како и делување во насока на зајакнување на капацитетот на мрежите во локалната и руралната заедница, бизнис секторот, и стимулирање на развојот на локално и регионално ниво. Ова е дел од иницијативата на ССК, која започна да се спроведува од септември 2014 година, за зајакнување на членството од сите општини во Македонија, преку организирање на редовни средби со градоначалници и стопанственици, a во насока на подобрување на деловното опкружување преку рамномерен регионален развој“, рече Арсовска по потпишувањето на меморандумот.
Истакна, притоа, дека она што е од големо значење за ССК, а на кое делува и Скопскиот плански регион е економскиот развој на општините и создавање поволни услови за водење бизнис.
ССК ги застапува интересите на бизнис заедницата во насока на подобрување на нивното деловно работење. Значителен дел од компаниите членки на ССК, припаѓаат на Скопскиот плански регион, кој опфаќа 17 општини и Градот Скопје како посебна единица на локалната самоуправа, односно десет урбани општини кои се дел од градот Скопје и седум рурални./крај/мф/ап
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Казни за четири градилишта во Центар, нулта толеранција за прекршување на прописите, порача Герасимовски
Четири градилишта во општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, извести Општината.
Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“, информираат од општина Центар.

Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.
Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека надзорите продолжуваат со несмален интензитет.
„Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор“, рече Герасимовски.

Инспекциските контроли на градилиштата продолжуваат како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор, додаваат од општина Центар.
Македонија
Ѓорѓиевски: Работевме посветено, секој ден, секоја ноќ, она што го постигнавме е само почеток
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска ќе го презентира отчетот за сработеното во првите 100 дена од преземањето на функцијата.
„Отчетноста и транспарентноста се должност кон граѓаните. Токму затоа, по првите 100 дена од мандатот, излегуваме пред вас со јасен и отворен приказ на сработеното. Во изминатиот период работевме многу. Работевме посветено. Секој ден. Секоја ноќ. Она што го постигнавме е само почеток“, напиша градоначалникот на социјалните мрежи.
„Го поставивме темелот врз кој ќе ја градиме иднината на Скопје како модерен, просперитетен и достоинствен град, по мерка на граѓаните. Ова не е само мој успех.
Ова е успех на сите скопјани кои веруваа дека Скопје мора и може поинаку. Ова е доказ дека кога се работи со срце, со визија а не од личен интерес, резултатите не изостануваат. И да, пред нас има уште многу работа. Ќе има и предизвици. Но ние не се откажуваме! Ќе продолжиме да работиме уште посилно, уште поодлучно“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.

