Скопје
Старата скопска чаршија ќе блесне во полн сјај
„Ќебапот-чаршиски бисер на соживот“ беше насловот на традиционалната мултикултурна и мултиетничка манифестација манифестација која еднаш годишно се случува во Старата скопска чаршија.
Манифестацијата е во организација на Општина Чаир, Македонско-бугарската стопанска комора и Министерството за економија, а чија цел е продлабочување на бизнис соработката меѓу чаршискиот еснаф и враќање на сјајот на чаршијата и животот во неа. Министерот за економија Дритон Кучи, потенцирајќи дека еснафот, обединет во различноста, го создава и одржува животот во чаршијата, потсети на континуираната поддршка што Министерство за економија ја дава за занаетчиите и за Старата чаршија, со цел да се збогати ова уникатно градско јадро. „Веќе седум години по ред, помагаме во зајакнување на еснафот и подобрување на конкурентноста на занаетчиството преку субвенционирање на занаетчии. Годинава обезбедивме 1.600.000 денари и имаме 12 одобрени барања, додека за проекти на занаетчиските здруженија беа обезбедени дополнителни 910.000 денари. Со новиот Закон за занаетчиство донесен минатата година, креиран согласно потребите на занаетчиите, направивме поедноставување на процедурите и ставивме ред во овој важен сегмент од нашата економија“, рече Кучи, додавајќи дека во насока на разубавување на Чаршијата, Министерството за економија заедно со Општина Чаир, а преку Здружението „Еснаф“ , се рализира проектот за конзервација, санација и адаптација на излозите на 60 дуќани во Блокот 3.2. Манифестацијата, која започна на платото пред Скендер Бег, продолжи со прошетка низ Чаршијата, со посета на дуќаните со реновирани излози и и неодминливите скопски ќебапчилници, а финишираше со трибина на тем: „Неразјаснети законски надлежности – бариера за развој на Старата скопска Чаршија“. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре без вода делови од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради промена на воздушен вентил на улицата Јустинијан Први (кај мостот), утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Драчево, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Во текот на јануари се отстранети 𝟤𝟩𝟨𝟧 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на првиот месец од 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 13 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, известуваат од Комунална хигиена-Скопје.

„Воедно, беа отстранети и 2765 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. Во рамките на активностите за отстранување диви депонии е интервенирано во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 400 кубни метри се подигнати во општината Центар.

Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец јануари изготви вкупно 56 едукативни записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Најголем број на записници – вкупно 32 – се врачени во скопската општина Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со одржување на јавната хигиена на булеварите, како и улиците што се во надлежност на Градот Скопје во сите скопски општини. Секојдневно, во три смени, се спроведува машинско и рачно метење на плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.

