Скопје
Стартуваше турнирот во мал фудбал „Скопје 2014“
Третото издание на најголемиот Турнир во мал фудбал „Скопје 2014“ свечено беше отворен во понеделникот вечерта на стадионот кај Спортскиот центар во Ново Лисиче.
Првиот натпревар од 48-те пријавени екипи го одиграа тимовите на „Гостилница дома“од Велес и „Фер плеј“.од Ново Лисиче – Скопје, којшто заврши со резултат 2:0 за екипата „Фер Плеј“.
Натпреварите ќе се одржуваат секој ден во попладневните и вечерните часови од 17:00 до 23:00 часот.
Системот на натпреварување ќе биде комбиниран, каде што прво ќе се игра во шест групи со по 8 играчи, а подоцна ќе се играат елиминации.
Турнирот, кој ќе трае до 13-ти септември, го организираат Општина Аеродром и Град Скопје, кои имаат обезбедено награден фонд за победниците.
„За квалитетот на оваа манифестација говори постојаниот интерес кај екипите за пријавување, но она што посебно радува е многубројната публика, која и овој пат ќе има можност да гледа добри натпревари и да ужива во добрата дружба и добрата забава. На сите учесници на турнирот им пожелувам среќа, убав фудбал, фер – плеј, добра игра и многу возбудувања“, рече скопскиот градоначалник Коце Трајановски.
За најдобрите екипи и поединци на Турнирот обезбеден е награден фонд во вредност од 300.000 денари. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре без вода делови од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради промена на воздушен вентил на улицата Јустинијан Први (кај мостот), утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Драчево, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Во текот на јануари се отстранети 𝟤𝟩𝟨𝟧 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на првиот месец од 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 13 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, известуваат од Комунална хигиена-Скопје.

„Воедно, беа отстранети и 2765 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. Во рамките на активностите за отстранување диви депонии е интервенирано во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 400 кубни метри се подигнати во општината Центар.

Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец јануари изготви вкупно 56 едукативни записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Најголем број на записници – вкупно 32 – се врачени во скопската општина Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со одржување на јавната хигиена на булеварите, како и улиците што се во надлежност на Градот Скопје во сите скопски општини. Секојдневно, во три смени, се спроведува машинско и рачно метење на плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.

