Скопје
Ставен камен темелник за изградба на основно училиште во Капиштец
Општина Центар во среда стави камен темелник за изградба на основно училиште во Капиштец.
„Денеска ја почнуваме изградбата на новото основно училиште ‘Капиштец’. Во нашата изборна програма се обврзавме дека ќе изградиме нова градинка и ново училиште. Градинката, која е на 267 метри од овде, е најголема и најсовремена. Последното училиште ‘Јохан Хајнрих Песталоци’ во Центар е изградено 1969 година, а последната градинка пред 41 година“, рече на поставувањето на камен темелникот градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.При проектирањето се водеше сметка училиштето да биде прилагодено на новата “Кембриџ“ образовна програма. За секој ученик е планиран минимум простор од 5 м2, а во секоја паралелка ќе има од 25 – 28 ученици, со што се исполнуваат меѓународните стандарди. Новото, современо училиште “Капиштец“ ќе биде едно од најубавите на Балканот, со капацитет од 500 ученици. Вкупна површина на објектот ќе биде 11.886 м2, ќе има 20 училници, осум кабинети, спортска сала, сала за гимнастика, аула со трибини, кујна со трпезарија, два лифта, спортски терени за футбал, одбојка и ракомет, ботаничка градина и подземен паркинг, со 95 паркинг места.Објектот ќе биде изведен во армирано-бетонски систем кој нуди високо ниво на сеизмичка заштита, ќе се користат за изградба природни материјали кои не се штетни за здравјето и за околината. Кабинетите ќе бидат модерно опремени, со интерактивни табли и таблет-компјутери. Подовите ќе бидат од винил, со антибактериски и анти-алергени особини. Во сите тоалети и во целиот објект ќе има подно греење кое ќе овозможува идеална температура низ просториите.Енергетско ефикасната фасада ќе спречува сончеви и други атмосферски влијанија.На конкурсот за идејниот изглед имаше 21 пријавен труд, а како најдобар беше избран оној на младиот архитект Бесијан Мехмети. /крај/мф/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




