Скопје
Штетата од пробивањето пат на Водно е близу милион денари
Вкупно 853.200 денари е штетата во заштитената зона во Парк шумата Водно, во местото викано „Рупи“, каде на крајот од мај имало сеча на дрвја, соопшти Град Скопје.
Вкупно 853.200 денари е штетата во заштитената зона во Парк шумата Водно, во местото викано „Рупи“, каде на крајот од мај имало сеча на дрвја, соопшти Град Скопје.
Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ ја информираат јавноста дека за настанатите штети во парк шумата Водно побарале од Бирото за судски вештачења да ги утврди околностите и висината на штетата којашто е настаната.Јавното претпријатие поднело пријава против физичко лице до Министерството за внатрешни работи.„Од вештаците на теренот е утврдено дека при крајот на мај 2016 година во парк шумата Водно вршени се активности во заштитеното подрачје, кои не се во согласност со планските документи за заштитени подрачја, односно шума со посебна намена, во овој случај парк шума. Во парк шумата Водно, во местото викано „Рупи“ вршени се градежни земјени работи за пробивање на земјени патишта и зарамнување на одредена површина. Со извршените земјени работи зафатена е вкупна површина од околу 5.864 квадратни метри, при што е извршено копачење односно отстранување на постојната вегетација, што е во спротивност со законот за шумите и други акти донесени од Градот Скопје. При вршењето на градежните земјени работи извршено е оштетување и уништување на стебла од црн бор и стебла од разни листопадни дрвја, како и природен подмладок од црн бор со старост над три години“, соопштија од Град Скопје.Врз основа на правилник за висина на цената за штети во шума, вредноста на штетата предизвикана со активностите во заштитеното подрачје, кои не со во согласност со планските документи за заштитеното подрачје, односно шума со посебна намена, во овој случај парк шума Водно, изнесува вкупно 853.200 денари. За оштетени стебла од црн бор штетата е 403.200 денари, за оштетени стебла од листопадни дрвја 90.000 денари и за оштетен природен подмладок од црн бор 360.000 денари./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Бутел утре без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина:
· од 06:00 – 10:00 часот, корисниците од ул. Пајак и ул. Наум Наумовски Борче. (Општина Центар)
· од 08:00 – 12:00 часот, дел од корисниците од ул.Пејо Јаворов (општина Кисела Вода)
· од 09:00-11:00 часот корисниците од улиците со бр. 406 и бр, 408 во с. Марино. (Општина Илинден)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улица со бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улиците Индира Ганди, Брсјачка Буна, Овчеполска, Пелагонија, Демирхисарска, Сландол, Хаџи Јован Шишков,Злетовска, Тиквешка и ул.Нов Живот. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање, порача Герасимовски
Комуналните инспектори и редари на општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени површини.
На секое неправилно паркирано возило ќе биде оставено известување за сторен прекршок, со предвидена казна од 50 евра во денарска противвредност, согласно Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на општина Центар.
Сторителот на прекршокот е должен веднаш да го подигне прекршочниот платен налог во Општина Центар, Сектор за инспекциски работи, барака 6А. Доколку казната се плати во рок од осум дена, сторителот плаќа половина од износот.
По истекот на рокот следува целосна наплата, односно се поведува прекршочна постапка пред надлежен суд, извести Општината.

„Редот се спроведува доследно и без исклучоци. Жителите на Центар го бараат тоа од нас. Безбедноста на пешаците и заштитата на јавните и зелените површини ни се приоритет“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.
Општина Центар ги повикува граѓаните да ги почитуваат правилата и да придонесат за подобра урбана и животна средина.

